from 0
Book Now

8ми Декември во БУКУРЕШТ и ЗАМОЦИТЕ НА ТРАНСИЛВАНИЈА (06-10.12.2024)

Not Rated
Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

1 person

Languages

___

Overview

БУКУРЕШТ и ЗАМОЦИТЕ НА ТРАНСИЛВАНИЈА

 

Поаѓање за Букурешт од БИТОЛА, организиран трансфер од Охрид, Струга, Ресен со доплата од 10 евра.

( 6-10.12.2024 )

Продолжен празничен викенд во Романија

06.12.2024 Поаѓање за Букурешт во 18 ч преку Софија, Русе. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

07.12.2024 Пристигнување во Букурешт во утринските часови, кој често го нарекуваат Мал Париз. Разгледување на Букурешт со водич: Патријаршијата, Парламентот, Плоштадот на револуцијата, Кралската Палата, Универзитетот, Палатата на Правдата, Триумфалната Порта, архитектонскиот комплекс Куртија Веке најстариот дел од Букурешт – кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владар Влад Тепеш – Дракула, “селото”-Музеј, едно од првите Етнографски музеи на отворено во светот од 1936г. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

08.12.2024 Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности или Факултативен целодневен излет до Синаја – монденското одморалиште во Јужните Карпати каде се посетува дворецот Пелеш – еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на Романските кралеви. Продолжување и посета на замокот Бран од XIII век во кој во 1462 г. бил затворен грофот Дракула. Патувањето продолжува до градот Брашов – Трансилванија, кратка прошетка низ центарот на градот: Стариот градски плоштад, Црната црква, прекрасни градби како од Средниот век, кафе барови… Враќање во Букурешт. Слободно време . Ноќевање.

09.12.2024 Појадок. Слободно предпладне во стариот дел на градот-центарот на Букурешт, со можност за посета на трг.шопинг центар; Факултативно можност за посета на еден од најголемите велнес центри (на 30000м2, на 20км од Букурешт) со топла термална вода во 8 грејани базени. Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

10.12.2024 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

 

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 8900.оо

Редовна цена 10900 ден.

Во цената е вклучено:

– автобуски превоз на дадената релација ( Битола, Прилеп, Дреново, Велес, Скопје, Куманово, Крива Паланка)

– сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок

– разгледување на Букурешт со водич

– лиценциран придружник на патувањето

 

Во цената не е вклучено

задолжително здравствено патничко осигурување
– Факултативен излет „Трансилванија“ : Посета на замокот Пелеш со вклучена влезница и посета на местото Бран со истоимениот Замок на Дракула( Влезницата за замокот не е вклучена. Цената за возрасни е 70леи и за студенти 40леи) и посета на градот Брашов (со превоз и пратител) – возрасни 45€ – студенти 35€
– Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (45 евра превоз и влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа)
– Туристичка такса 4 евра по лице се плаќа во автобус

НАПОМЕНИ:

Бројот на седишта во автобус се доделува по број на резервација. Предност во првата половина на автобусот имаат повозрасни лица, како и мали деца. Постои можност за доплата на седиште (освен прв ред кој) од преостанатите седишта по цена од 10 евра.

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

За деца од 3 – 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 – 12 години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжмано

За деца со полни 12 години се плаќа цела сума

Во случај на отказ на патувањето од страна на патникот од лична неоправдана причина, авансот е нерефундабилен.

Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата

Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.

Itinerary

Tour's Location

from 0

You might also like