од 0 оценка
4 дена/3 ноќи/авион
Specific Tour
30 луѓе
___
05- 08 Март 2027

Малта е најголемиот остров и културен, трговски и административен центар. Тука се премостуваат милениуми од неверојатен спектар на работи кои треба да се откријат. Каде и да одите, сценографијата и архитектура се со спектакуларна позадина. Боите се впечатливи, боите на меден-камен во мешавина со медитеранската сина. Малта е опишан како еден голем музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е тоа што толку многу од минатото е видливо денес. Истражете ја мистериозната праисторијата на островот, рутата на стапките на Свети Павле или пак видете каде витешкиот ред на Свети Јован се борел во своите најпознати битки. Малта е одмор, Малта е расположение… Може да се релаксирате со спорт, да ги посетите познатите историски знаменитости, и сеуште да имате време за ноќен живот. Тоа е вистинската предност на престојот тука. Малта има велнес и спа објекти на луксузни хотели и одморалишта. И, ако тоа не ви е доволно, тука се другите два острови – Гозо и Comino-кои може да бидат пријатна промена на сцена за време на вашиот престој во Малта. Изборот е ваш!
4 дена / 3 ноќевања со појадок / авион / Програмата е креирана: 18.11.2026
05 Март 2027 (петок) Битола – Скопје – Малта
Состанок на групата на Спортска сала Битола во 08,00 часот. (за патници со организиран трансфер) Состанок на групата на аеродром Скопје во 10.45 часот. Полетување во 12:45 часот, а слетување на аеродром во Малта во 14,35 часот (локално време). Трансфер и сместување во хотел во Слиема – најатрактивната туристичка област блиску до Валета. Слободна вечер за прошетка и уживање во променадата покрај море. Идеален момент за прекрасна романтична вечера во некој од многуте ресторани покрај море, кој специјално се уредени за почеток на пролетта. Вечерта организирана ноќна посета на Валета со можност за уживање во прекрасната атмосфера на Valetta by Night и незаборавни моменти и фотографии. (јавен превоз 4 еур). Враќање во хотел. Ноќевање1.
06 Март 2027 (сабота) Моста-Мдина-Валета Појадок. Слободен ден. Можност за факултативна целодневна екскурзија до Mоsta, Mdina, Crafts Village и Valetta. Се упатуваме спрема централниот дел на островот со посета на стариот главен град на островот-Мдина, уште и познат и како тивкиот град. Додека се движиме низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачиме на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“, изградена во 19 – ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата. Продолжуваме кон занаетчиското село Ta’Qali, каде што се наоѓаат најразлични занаeтски услуги, како изработка на стакло, филиграни, дрвенарија, чипка и различни сувенири од островот. Заминување за главниот град и разглед на Валета, изграден од витезите на St. John. Потоа прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што застанува здивот од панорамскиот поглед на Големиот Залив. Можност за посета на богато украсената Катедрала и музејот на St. John, со светски познатите уметнички ремек дела на Караваџо и Матија Прети (влезница 15 Еур) Цена на турата: 50 Eur. Враќање во хотел. Слободна вечер со можност заедничка посета на Ст.Џулианс, култното место за ноќен живот на островот и можност за заедничко дружење (јавен транспорт 4 еур). Враќање во хотел. Ноќевање2.
07 Март 2027 (недела) Малта-Гозо
Појадок. Слободен ден. Можност за факултативна целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Тргнување со бус и брод од пристаништето Cirkewa. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Екскурзијата ја започнуваме со градот Victoria во минатото познат како Rabat. Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Првите остатоци на градот датираат уште од неолитот, но првата тврдина започнала со градба од страна на Феничаните, подоцна продолжена од Римјаните. Денешниот изглед тврдината го добива околу 17 – ти век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред. Оваа тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оргиналната градба. На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот музеј. Продолжуваме кон предисторискиот комплекс Ggantija Temples, постара градба и од египетските пирамиди или Стоунхенџ, како и познатата област со огромни карпи Dwejra и познатото селце Xlendi. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… посета на Dwejra, спектакуларно место каде се наоѓал Азурниот прозорец, како и посета на црквата ta’Pinu. Попатно застанување на место каде ќе можеме да ужуваме во прекрасна панорама и поглед на прочуеното село на Попај Морнарот(без влезница). Цена на турата 50еур. Враќање во хотел во попладневните часови. Слободна вечер. Ноќевање 3.
08 Март 2027 (понеделник) Малта-Marsaxlokk-Blue Grotto -Скопје-Битола
Појадок. Можност за релаксирано претпладне, одмор и релаксација. Одјавување од хотел. Организирано претпладневно поаѓање за опуштено двочасовно пловење во заливот како апсорпција на атмосферата на островот (доколку дозволуваат временските услови). Крстарење низ двете природни пристаништа Марсамкси и Гранд Харбор, кои одиграа клучна улога во историјата на Малта. Ќе уживате во поинаков поглед на Валета, во сета нејзина убавина и одлична можност да се опуштите и да направите уникатни фотографии. ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНА . По пловењето, слободно време за прошетка во главниот шопинг зона на Слиема или одмор во некое од многуте кафулиња. Попладнето задолжителна полудневна екскурзија до јужниот дел на Малта, каде се наоѓа рибарското село Марсашлок. Прошетка низ живописното гратче, покрај неговото шеталиште покрај морето, каде што можете да видите многу шарени традиционални рибарски чамци Луцу. Можност за ручек од богатата понуда на локални специјалитети. Потоа следи возење до блискиот комплекс Blue Grotto, кој се состои од дури седум пештери. Можно возење со брод низ тиркизно сината пештера, доколку времето дозволи (билет се купува на лице место 5eur). Цена на турата 30 Еур. Организиран трансфер до аеродром во 18:00 часот. Полетување за Скопје во 20:25 часот. Слетување во Скопје во 22:05 часот. Организиран трансфер до Битола и останати градови со доплата…
Доплата за еднокреветна соба 89 Еур. Деца 2-12 години 289 Еур
– Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта – Скопје со WizzAir (авионска карта со рачен багаж 40 x 30 x 20 cm 10кг)
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.
– Сместување во хотел Kennedy Nova 4* во атрактивната Слиема на база 3 ноќевања со појадок https://kennedynova.com
– Крстарење по заливот на Валета со брод (доколку дозволуваат временските услови)
– Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Повратен трансфер Охрид,Струга, Ресен,Битола, Прилеп, Кавадарци-Скопје 15 Еур
– Факултативна посета на Моста-Мдина-Валета (МОСТА – ТА’АЛИ ) 50 Еур
– Факултативна посета на Гозо 50 Еур
– Факултативна екскурзијата Marsaxlokk-Blue Grotto 30 Еур
– Цена со попуст за уплата во агенција на сите 3 екскурзии 120 еур
– Туристичка такса во хотел (2 еур/соба на ден)
– Влезници за културно историските музеи
– Патничко осигурување
– Сите неспоменати трошоци
НАПОМЕНИ:
* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
* За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ https://aries.mk/opsti-uslovi-za-patuvanje/
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
* Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
* комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
* Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција
Општи напомени за патување:
– Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Подготвени ли сте да станете дел од овогодишната прослава на женскиот род?
Еве неколку интересни факти за овој специјален ден и воопшто за жените.
Знаете ли кој е Меѓународниот ден на жената? Одговорот е 8-ми март – денот на кој убаво е да покажете љубов и почит кон сите жени во вашиот живот.
Овој ден се прославува повеќе од 100 години. Првата прослава посветена на жените се случила во 1908 година во САД, но на меѓународно ниво овој ден за прв пат се прославил две години подоцна, во 1911 година, во голем број на градови во тогашната Австро-Унгарија.
Знаевте ли дека Меѓународниот ден на жената за прв пат бил одбележан на 19-ти март? 8-ми март за прв пат бил празнуван во 1914 година, на почетокот на Првата Светска Војна.
Цвеќето и чоколадите се најпопуларните подароци за овој ден. Ова се однесува најмногу за земјите во Европа; останатите земји во светот имаат свои обичаи поврзани со овој посебен ден.
Во 28 земји во светот 8-ми март е државен празник.
Во некои земји овој ден е државен празник само за жените. Вакви примери се Кина, Мадагаскар и Непал. За мажите во овие земји, ова е работен ден.
Секоја година Меѓународниот ден на жената има специјална тема. Оваа година Обединетите Нации се одлучија за темата “Инспирација за промени“. Звучи фантастично, нели?
Жените се многу позначајни од мажите, затоа што во светот има помалку жени отколку мажи. Разликата не е многу голема – на секои 100 жени има 101 маж. Ова се однесува на најголем број на земји во светот, со неколку исклучоци – во Обединетите Арапски Емирати и Катар, на пример, овој сооднос е многу поголем, додека пак во Естонија, Латвија, Литванија и Украина, жените се мнозинство.
Според истражувањата на некои хуманитарни организации, жените произведуваат околу половина од храната во светот, но поседуваат само еден процент од обработливата површина.
Меѓународниот ден на жената не само што е прослава на нивната убавина, интелект, напорна работа и внимание, туку и на нивната историска борба за еднаквост. Нов Зеланд е првата земја во модерната ера која им го овозможила на жените правото на глас во 1893 година.
