од 0 оценка
Daily Tour
1 person
___
ОПИС:
Сандански е град на југозападот на Бугарија, во подножјето на Пирин планина на само 40 км од Македонската граница. Овај регион има најтопла клима во Бугарија и најмногу сончеви денови во годината. Тука се наоѓаат над 80 минерални извори со температура од 33°С до 83°С со ниска минерализација и успешно се користат за третмани на најразлични болести. Интерхотел Сандански е најголемиот медицински центар за балнеологија и рехабилитација на Балканот и е сместен во самиот центар на градот на главната пешачка улица.
| ИНТЕРХОТЕЛ САНДАНСКИ | 2 НОЌЕВАЊA СО ПОЈАДОК |
| Еднокреветна соба(1возрасен или 1 возрасен + 1дете 0-3,99 г) | 188 € |
| Двокреветна соба со помошен кревет(2 возрасни или 2 возрасни + 1 дете 0-3,99 г) | 244 € |
| Супериор соба(2 возрасни + 1 дете до 4-11,99 г или 2 возрасни +2 деца од 0-3,39 и 4-11,99 г) | 295 € |
| Студио(2 возрасни + 1 дете 12-15,99 г или 2 возрасни +2 деца 0-3,99 и 12-15,99 г) | 355 € |
Цените се дадени во €, уплата се врши во денари противвредност по курс 1€ = 62мкд.
За друг тип на соба и доплати важи редовниот ценовник (на барање)
| Сместување: | Минимум: | Максимум капацитет во соба: |
| Двокреветна соба (француско легло) | 1 возрасен | 2 возрасни + 1 дете до 15.99г. + 1 дете до 3.99г |
| Двокреветна соба (разделени легла) | 1 возрасен | 2 возрасни + 1 дете до 3.99г |
| Супериор соба | 1 возрасен | 3 возрасни + 1 дете до 11.99г. + 1 дете до 3.99г. |
| Студио | 1 возрасен | 3 возрасни + 1 дете до 11.99г. + 1 дете до 3.99г. |
| Апартман Лукс | 1 возрасен | 3 возрасни + 1 дете до 11.99г. + 1 дете до 3.99г. |
| Апартман Фемили | 1 возрасен | 3 возрасни + 1 дете до 15.99г. + 1 дете до 3.99г. |
СМЕСТУВАЊЕ:
Интерхотел Сандански нуди сместување во 262 пространи соби, 17 апартмани и 6 студија.
Сите имаат модерна, пространа и пријатна внатрешност.
Големината еднокреветни и двокреветни соби 25м2.
ВО СОБИТE:
кабловска телевизија, безжичен интернет, телефон, минибар (со доплата), бањите се со специјална тоалетна козметика, балкун со поглед на градот, планината, базенот, паркингот или паркот.
DBL – двокреветна лукс
Брачен кревет или два единечни, софа на спуштање и можност за бебешко креветче
Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 15,99 + 1 дете до 3,99
DBL SUP (двокреветна супериор соба-студио)
Спална со брачен кревет (без прозор), физички одделена (без врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче (4 студиоа вкупно).
Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год
STD – студио стандард
Спална со брачен кревет, физички одделена (без врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче (1-4 кат).
Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год
APP – апартман лукс
Спална со еден брачен кревет, физички одделена (со врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче, две купатила(5-7 кат)
Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год.
НАПОМЕНА!
Хотелот не прима домашни миленици
Приговори и поплаки :
• Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
• Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
• Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
УСЛОВИ ЗА АГЕНТОТ И ГОСТИНОТ:
1. За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозит уплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
2. Агентот или гостинот има право да ја откаже или промени резервацијата до 7 дена пред пристигнувањето без пенали.
3. Агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 3 дена пред датата на престигнување без пенали. Промена на име и термин помалце од 3 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
4. Откажување или промена на резервацијата помалку од 7 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
5. Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.
6. Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 дена пред пристигнување е без пенали.
7. Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 дена пред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.
8. Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч. За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот.