Print Friendly, PDF & Email

Чудото од природата:Перуанска мака

Маката ( Lepidium meyenii ) е корен сличен на ротквица кој расте на високите планини во Перу, на надморска висина преку 4000 м.
Првите записи за употребата на маката потекнуваат од пред 2000 години. Маката ја употребувале старите цивилизации не само за исхрана туку и за медицински цели. Била важна состојка во исхраната поради тоа што е богата со шеќери и протеини. Содржи 60 % јаглени хидрати, 10 % протеини, 8,5 % диетални влакна и 2,2 % масти. Сушената мака е богата со есенцијални елементи – јод, железо, калиум, магнезиум,алкалоиди – макаиди и макаени кои ги има само во маката.

Маката содржи и стероли и аминокиселини кои влијаат на зголемување на енергијата, менталната и физичка сила, издржливост, либидо, плодност, потентност и зачувување на виталноста на сите органи кај човекот.
Златната мака со својот единствен состав спаѓа во групата на најефикасни адаптогени. Адаптогени се нетоксични растенија кои многу ефикасно влијаат на здравјето на луѓето, посебно кога станува збор за намалување на стресот. Едноставно речено адаптогените му помагаат на организмот на човекот да се прилагоди на стресно опкружување.

Правот од коренот на мака е најпознат природен балансер на хормоните. Иако најмногу ефекти има на дисфункцијата на половите хормони ( при пмс, менопауза, неплодност,импотенција, намалено либидо, зголемена простата ), правот на маката позитивно делува и при проблеми со тироидната жлезда, дијабетес, дебелина, остеопороза, депресија, умор, несоница, раздразливост. Важно е да се знае дека маката има ефикасно дејство за воспоставување на добра периферна циркулација и добра работа на целиот кардиоваскуларен систем.

Маката има способност да му даде на организмот онолку енергија колку што му е потребно за правилно функционирање. Затоа ја земаат и спортистите како најефикасно природно средство за зачувување на физичката спремност при зголемени физички активности.

Консумирањето на мака помага при:

Кај мажите:

– ја зголемува физичката издржливост и енергијата
– го зголемува либидото и потенцијата
– помага во создавање на мускулна маса на природен начин
– помага кај појава на акни и останати проблеми со кожата
– го покачува нивото на тестостерон
– ја подобрува ерекцијата
– помага при импотенција
– го зголемува бројот и покретливоста на сперматозоидите
– ги ублажува симптомите на андропаузата

Кај жените:

– маката е природна замена за хормонална терапија
– ги отстранува симптомите на ПМС
– намалува менструални болки
– регулира неуредни менструации
– помага кај појавата на акни заради хормонална дисфункција
– ги отстранува симптомите на менопаузата
– го зголемува сексуалниот нагон
– ја зголемува плодноста

Начин на употреба:
Најдобро е да почнете со половина лажичка мака во прав на ден. Останете на таа доза додека не поминат ефектите на зголемена енергија и појава на симптоми на детоксикација. По поминувањето на симптомите зголемете ја дозата на една лажичка на ден.Маката се раствора во чаша со вода или природен сок.Не се препорачува растворање во млечен и топол напиток. При редовно земање на мака треба да се направи пауза од една недела секој месец ( жените ја прават паузата за време на менструалниот циклус )
Маката не се препорачува за бремени жени и доилки како и кај деца под 14 години.