Print Friendly, PDF & Email

Култура

Културата на Перу е воглавно под влијание на староседелската и европската култура. Традицијата и културата на Перу, како на пример литература и археолошки пронајдоци датираат уште од пред колонизаторската ера и пред периодот на Инките. Инките ја збогатиле културата на Перу преку архитектонските подвизи како на пример Мачу Пикчу. Колонијалната барок архитектура е доста застапена во Перу но со примеси на локланата традиција и култура. Повеќето уметнички дела се со религиозна тематика, како на пример големиот број цркви и ликовни дела. Уметноста стагнирала од независноста на Перу да се до 20 век.

Религија

Според податоците од 2007, 81.3% од населението во Перу се изјаснило како католици, 12.5% се изјасниле како евангелисти, 3.3% со други религии и 2.9% како атеисти. Писменоста во Перу е околу 92.9% но оваа бројка е помала во руралните предели. Основното образование е задолжително и бесплатно.

Јазици

Шпанскиот јазик е прв јазик на околу 83.9% од населението во Перу и прв јазик во земјата. Покрај него има и неколку староседелски јазици, од кои најпознат е кечуанскиот, зборуван од околу 13.2% од населнието. Останатиот процент припаѓа на други помали староседелски јазици и други странски јазици.