Островот Евија е втор по големина остров во Грција. Се протега по брегот на Беотија и Атика од северните споради до островот Андрос во близина на Киклади. Главниот град на Халкидис е еден од највлијателните антички градови. Пефки се наоѓа на северниот раб на Евија, преку островот Скијатос. Се карактеризира со долга плажа со песочна камче, долга 4 километри, чисто и мирно море, поволни климатски услови, богата со флора и фауна, долга сезона. Близината на Атина е предност за сите оние што сакаат да се запознаат со грчката престолнина.

Пефки е мирно место сместено на крајниот север на Евиа. Самото име Пефки значи дека местото е опкружено со борова шума која е преставува воздушна бања и е идеална за оние кои сакаат природа, чист воздух, кои во комбинација со прекрасното море се наслада за Вашите сетила и здравје, право место за вистински одмор. По краткото возење со ферибот од само 25 мин. пристигнувате во Агиокампос, а Пефки е на само 20 км источно од пристаништето. Се работи за мирно и мало место, но со сите потребни содржини за пријатен одмор. Тука се и таверните, маркетите, продавниците, кафетериите, љубезните домаќини… Долж местото се протега камчесто-песочна плажа, со баровите со чадори и лежалки, каде што со пијалок можете да ги користете бесплатно. Покрај  плажата е поплочено долго шеталиште со голем број ресторани и таверни. Цените тука се поповолни од останатиот дел на Грција. Од Пефки постои можност за поволна посета на Скијатос, па вреди да ја искористите оваа можност и да го збогатите својот одмор.

VILLA KYPRIANOS – Едипсос, Евиа

VILLA KYPRIANOS – Едипсос, Евиа Вилата Кипријанос се наоѓа во мирниот дел на Едипсос. Од морето е оддалечена околу 200 метри, а од термалните извори на околу 800 метри. Во близина на вилата има ресторани, кафетерии со пријатни градини под сенка, продавници за сувенири, пекари и таверни. Тоа е околу 350 метри од центарот на […]

Vila Iolkos Edipsos Evia

VILLA IOLKOS – Едипсос, Евиа Villa Iolkos е лоцирана во самиот центар на Едипсос, на главната улица од градот и во близина на паркот и најпознатите градски содржини. Со оддалеченост од околу 200м од шеталиштето и околу 100 метри од градските термални извори и плажа, овој објект е безмалку идеален за престој во ова познато […]

VILLA FAROS – Едипсос, Евиа

FAROS – Едипсос, Евиа Villa Faros во својот состав располага со повеќе типови на студија и апартмани за одмор. Сместен на растојание од околу шесетина метри од шеталиштето и центарот на градот, а од познатата плажа со термални извори не повеќе од осумстотни метри, овој објект претставува одличен избор за сместување во Едипсос. Покрај лифт, […]

VILLA CAVO D’ORO – Пефки, Евиа

VILLA CAVO D’ORO – Пефки, Евиа Villa Cavo D’Oro се наоѓа на првата линија од објекти изградени покрај главната улицата која се протега покрај плажата и морето на Пефки. Студијата за сместување изградени над истоимената пицерија, имаат капацитет за престој на две или три лица. Секоја од единиците располага со комлетно опремена кујна, тоалет, балкон, […]

VILLA JANA – Пефки, Евиа

VILLA JANA – Пефки, Евиа Villa Jana се наоѓа при самиот влез во Пефки, на првата линија до морето и почетокот од шеталиштето на околу 200м од самиот центар. Од своите содржини вилата располага со повеќе двокреветни и трокреветни студија, распоредени на приземјето, првиот и вториот кат од објектот. Сите студија се со површина од околу 20м2 […]