Подгответе се за магичен зимски одмор каков што само може да се доживее во Доломитите – еден од највпечатливите планински масиви во светот, заштитен под УНЕСКО! Со своите спектакуларни врвови, бескрајни скијачки патеки и традиционални италијански алпски села, Доломитите нудат идеална дестинација за љубителите на зимата, авантурата и луксузниот одмор
ШТО ВЕ ОЧЕКУВА?
– Светски познати скијачки центри: Val Gardena, Alta Badia, Cortina d’Ampezzo – дел од огромната скијачка област Dolomiti Superski со над 1.200 км патеки!
– Совршени услови за сите нивоа: Од почетници до искусни скијачи и бордери.
– Уникатна гастрономија: Уживајте во комбинацијата од италијанска и тиролска кујна, со поглед на заснежени врвови.
– Сончеви денови и чист планински воздух: Доломитите имаат една од најсончевите зими во Европа.
