Со убаво сончево време, привлечни плажи, ноќен живот и историја од 7,000 години, многу нешта може да видете и да направите во оваа островска држава, сместена во Средоземното Море.
Малта е добар избор во секоја доба од годината
Што треба да се доживее во Малта? Без разлика дали ќе дојдете во земјава на неколку дена, во есен, зима или напролет – Малта е секогаш добриот избор. Медитеранската клима е пријатна. Од јануари до април температурата се движи од 15 до 22 степени, мај и јуни најчесто е од 22 до 27, во јули и август се качува на 30 степени, а потоа повторно опаѓа. Крајот на април температурата секогаш е меѓу 22 и 25 степени.
Во Малта ќе слетате на единствениот аеродром во државата, сместен кај Гудја. Некогаш постоел и хелидром, со линија до вториот по големина малтешки остров Гозо, но истиот е укинат. До Гозо исто така може да патувате и со хидроавион, иако повеќе се преферира траектот.