За љубителите на песочни плажи, Аланија е вистинскиот избор! Според легендата, римскиот император Марко Аурелиј и го подарил овој дел од Средоземниот брег на Клеопатра, која што во еден период и живеела на местото на денешна Аланија. И токму по нејзе е наречена и една од најубавите турски плажи, песочната Клеопатра, која се простира од центарот на градот кон запад, а на исток се наоѓа исто така убавата плажа Кејбут. Една од предностите на Аланија е што плажите и хотелите се наоѓаат во самиот град. Покрај брегот има многу барови, чајџилници, кафулиња и ресторани со богат избор на меѓународна и национална кујна. На копното, околу цитаделата се врежани морски пештери. Што се однесува до ноќниот живот, тој е разноврсен. Можете да бирате сами помеѓу ’темпераметните‘ барови и дискотеките кои работат до раните утрински часови. Значи, песочни плажи, чисто море, историски знаменитости, природни убавини, голем број дуќанчиња, ноќен живот…сето тоа ќе го најдете во Аланија.
Кемер е приморски град кој изобилува со многу хотели – од скромни, семејни пансиони па се до супер луксузни клубови со пет ѕвездички. Објектите за туристичка дејност во градот многу брзо се множат, па ако во 2000 година. имаше не повеќе од 20 хотели, во 2012 година бројот на големи хотели, не вклучувајќи ги останатите сместувачки капацитети, достигна повеќе од 170. Туристичката област Кемер ги вклучува и регионите Beldibi, Goynuk, Кемер, Kiris, Chamyuva, Tekirova.
Сиде е еден од најпопуларнитересорти во Турција бидејќи ги има сите елементи неопходни за идеален одмор покрај море. Распослан на два брега со прекрасни, долги, песочни плажи, градот изобилува со мноштво културно-историски споменици .
Белек е еден од најпознатите туристички центри на медитеранскиот брег познат по луксузните хотели, голф игралишта и бројните забавни активности. Се наоѓа на 36 км од Анталија, распослан покрај прекрасни долги плажи со раскошни хотели, опколен со бујна медитеранска вегетација. Белек е уште едно од оние места каде се допираат старото и новото, каде новото и модерното се дополнува на богатото културно и материјално наследедство. За љубителите на голф и тенис Белек располага со бројни терени според најсовремени стандарди. Посетителите на Белек можат да уживаат во сонцето и плажата, во ладовината на боровата шума, стариот изглед на градот со модерни реплики и во луксузот на хотелите.
Lara Beach се Наоѓа на јужниот брег на Турција, само 12 километри од градот Анталија, отмено одморалиште со голем број на луксузни хотели дизајнирани да изгледаат како познати светски знаменитости. Па немојте да бидете изненадени ако го видите Кремљ исправен веднаш до Титаник. Но вистинската ѕвезда тука, сепак, е плажата – сите 8 километри од неа. Таа е главно златна, иако постојат неколку потемни дамки, а некои места изобилуваат со камчиња . Плитката вода е одлична за деца.
Check In | 14:00 |
---|---|
Check Out | 09:00 |