from 0
Book Now

8ми Декември во НИШ –ЗАЈЕЧАР- СОКО БАЊА (07-09.12.2024)

Not Rated
Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

1 person

Languages

___

Overview

ЕТНО ХОТЕЛ РТАЊ-БАЛАШЕВИЌ

НИШ –ЗАЈЕЧАР- СОКО БАЊА

РТАЊ- планина во форма на Пирамида, претставува природен феномен.За планината Ртањ се поврзуваат бројни мистерии за вонземјаните,звездена порта и временска капсула. Дека е скривница од крај на светот (смак света).Се верува дека најчудно место е светилиштето Врело, бидејќи таму има комплекс од три енергии: оргонска, електрична и магнетна, а воедно е едно од најмоќните места во светот. Комбинацијата на овие три енергии е многу поволна за човечкото тело. Многу често, изворот на својата енергија ја пронаоѓа најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ. Планината Ртањ е позната по еден од најлековитите чаеви Ртањски чај, како и богата флора и фауна,како и многу пештери.
07.12.2024 Поаѓање во 05.00 часот од Прилеп преку граничниот премин Табановце. Пристигнување околу 10.00ч. во Ниш – најголемиот град во Јужна Србија каде вреди да се видат: Нишката Тврдина од 17 век,Споменикот и плоштадот на Крал Милан, Казанџиското сокаче-стариот дел на градот од 18 век…Слободно време.Продолжување према Соко Бања,и на 30км се наоѓа Етно Хотел Ртањ Балашевич. Сместување во хотелот околу 14.00часот. Попладнето слободно време за користење на затворениот базен со подвижен покрив,со посебни хидромасажни ефекти и егзотичен ентериер. Ноќевање.
08.12.2024.Појадок. Ден за доживување на убавините на околината на планината Ртањ, како и слободно време за бесплатно користење на базенот со подвижен покрив,со посебни хидро- масажни ефекти и егзотичен ентериер.Користењето на сауна и парно купатило се доплаќа на лице место.Факултативна полудневна посета на градот Зајечар, со можност за шопинг.Враќање во Ртањ..Ноќевање.
09.12.2024 Појадок. Поаѓање за Соко Бања со попатна посета на светилиштето Врело. Продолжување за Соко Бања, прошетка низ прекрасниот парк во центарот на градот каде се наоѓа Милошевиот конак, турското купатило Амам од XV век, слободно време за прошетка и ручек.Заминување за Македонија и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.

ЦЕНА: 5900 ден. Промо цена до 12.11.2024г. Редовна цена 6900ден.

Во цената е вклучено: – автобуски превоз на дадената релација – 2 ноќевање со појадок во Етно хотел Ртањ Балашевиќ 3* – користење на внатрешен базен со подвижен покров, со посебни хидромасажни ефекти – посета на Ниш, светилиштето Врело и Соко Бања – организација и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено: – патничко здравствено осигурување – без франшиза – 250ден. до 65год.,300д. од 65-70год., 400ден. од 70-79год.

– Факултативно, посета на градот Зајечар на 50км од х.Ртањ-5 еур. (мин. 50% од групата)

– користење на сауна и парно купатило се доплаќа на лице место.

Напомена: Краен рок на пријавување до 03.12.2024 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување и уживање.

Itinerary

Tour's Location

from 0

You might also like