from 0 review
Daily Tour
1 person
___
Будва е една од најстарите населби на Јадранското море, повеќе од 2500 години стара и е најатрактивното место на Јадранскиот брег позната по Стариот Град, по ноќниот живот со многу дискотеки, кафичи, ресторани …. Туристичката организација на Општина Будва организира бесплатни новогодишни настани на плоштадот пред самиот Стар Град со разновидна програма со бројни музички изведувачи и огромнен огномет. Не постои позната музичка ѕвезда од регионот која нема посакано здравје, среќа и успех на десеттици илјади луѓе собрани на будванскиот плоштад. Така ќе биде и оваа година!
1.Ден 29.12.2024 – Состанок со групата во 23:30 од спортска сала Битола па поаѓање за Будва. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2.Ден 30.12.2024 – Пристигнување во Св.Стефан во утринските часови. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Според пописот од 2003 на островот живеат 411 жители. Автобусот ќе застане за патниците да направат https://www.konzultravel.com/istanbul-3утринските часови сместување во апартмани. Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Будва како и низ Стариот дел од градот. Вечерта слободно време за забава на плоштад со бројна организирана музичка програма, а секако постои и можност да продолжите во некој од ноќните клубови, ресторани итн. Ноќевање.
3.Ден 31.12.2024 – Факултативен целодневен излет до Дубровник со вклучен траект на заливот Бока Которска. Пристигнување во Дубровник во предпладневните часови, прошетки низ Стариот град Дубровник, Страдун, Тврдината итн. Во попладневните часови враќање за Будва. ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА – НАСКОРО ПРОГРАМА. Ноќевање.
4.Ден 01.01.2025 – Одјавување од апартманите. Поаѓање за Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Откако ќе направиме убава обиколка и ќе се прошетаме во Котор, во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват и Порто Монтенегро место каде што ужива и одмара светскиот џет-сет. Во договорено време состанок со групата и поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.
НАПОМЕНА!! Патниците кои нема да доаѓаат на факултативната посета во КОТОР, остануваат во БУДВА и ќе бидат информирани од водичите за време и место на поаѓање од БУДВА.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 109 ey редовна цена
промо цена до 15.11.2024 – 99 еу
Во цената е вклучено :
Во цената не е вклучено:
НАПОМЕНА!!! Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 25 патници.