Цена на аранжманот:
169 еур / 10.478,00 мкд
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Велес, Скопје, Куманово
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на дадената релација
- Организација и водство на патувањето
- Разглед на Белград со локален водич
- 2 ноќевања со појадок во избраниот хотел во Белград
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко осигурување 200 мкд
- Задолжителна туристичка такса за хотелот – 200 мкд (се плаќа во агенција)
- Факултативен излет до Нови Сад – 20 евра по лице – пријавување во агенција, плаќање во автобус.
- Kрстарење со брод по Дунав 1 час –15 евра по лице – пријавување во агенција, плаќање во автобус
- Новогодишен дочек на брод – 85 по лице – пријавување во агенција, плаќање во автобус
- Влезници во културно/историски споменици
НАПОМЕНА!!!
- За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 патници
- Краен рок за евентуален отказ е 7 дена пред датумот на поаѓање
- Организаторот на патувањето во задржува правото за измена на поедини содржини од програмата.
- За факултативните излети се потребни минимум 30 патници
- Патникот има обврска да го провери пасошот пред патувањето.
- Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
- За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
- Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
- Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
- Резервации за одреден кат или страна не е можна.
- Селекција на седиште во автобус! Патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
- Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
- За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
Опис на сместувањето:
Хотел Srbija е прекрасен хотел кој се наоѓа на само 3 километри од центарот на градот. Хотелот располага со еднокреветни, двокреветни и трикреветни соби. Комплетно е реновиран во 2005 година и Ви овозможува чувство на удобност и комфорт. Има панорамски ресторан со капацитет од 380 места се наоѓа на 17 спрат од хотелот од кој има прекрасен поглед на цел град и претставува совршено место за почеток на денот со појадок и кафе од прекрасната шведска маса која што ја нуди.
Опис на факултативите:
Крстарење по Дунав
– 1 часовно крстарење по Дунав со разглед на голем дел знаменитости на кејот – 15 евра по лице – минимум 30 лица
Нови Сад
– Не пропуштајте и да ја посететите српската Атина, градот Нови Сад кој е главен град на северната српска покраина Војводина и втор по големина град во Србија, по српската престолнина Белград, а важи за еден од најубавите во регионот. Градот лежи на брегот на реката Дунав, изобилува со природни убавини, а истовремено е колаж на архитектонски стилови заради градбите кои го привлекуваат вниманието на туристите, како и богатата историја со која градот може да се пофали. Таму можи да ги погледнете Петроварадинската тврдина и саат кулата, ќе ги посетиме Дунавската улица и Дунавскиот парк, Православната црква, Римокатоличката катедрала, Синагогата и градската куќа – Магистратот – 20 евра по лице
НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК НА БРОД СО КРСТАРЕЊЕ ПО САВА И ДУНАВ
– Неограничена конзумација во текот на целата ноќ од алкохолни и безалкохолни пијалоци
НОВОГОДИШНА ВЕЧЕРА (ладно топло бифе)
Музика во живо
– Забавна и народна музика со познат бенд 85€ по лице
Програма за дочекот:
21:30 – 22:45 – Качување и сместување на бродот
23:00 – 01:00 – ПОКЛОН КРСТАРЕЊЕ по Сава и Дунав
01:00 – 03:00 – Продолжување со забавата Линија на пловење: Хотел Југославија (Пристаниште на бродот)– Големиот воен остров – Коњскиот остров – вливањето на Сава и Дунав – Калемегдан – Хала Бетон – Савско Пристаниште – Соборна Црква – Бранков Мост – Београд на води – Стариот Савски мост – Газела – Стариот Железнички мост – Новиот Железнички мост – Београдски Саем – Мост на Ада – враќање кај хотелот Југославија на пристаништето на бродот. * Линијата на пловење е подложна на измени зависно од хидрометеорошките услови