од 0 оценка
4 дена/ 3 ноќи / авион
Daily Tour
1 person
___
Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “Град на светлината“ е политички, економски и културен центар на Француската држава.
Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници.
Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.
Цена на аранжманот: 549 Еур по лице
1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 04.00 ч. Полетување за Париз во 06.00 ч .слетување во 09.05 ч. Организиран трансфер со автобус до Париз, со краток панорамски разглед на градот: Arc de Triomphe – Триумфалната капија, Champs-Élysées – познатата авенија, Place de la Concorde – историски плоштад, и Tour Eiffel – Ајфелова кула, со можност за искачување (факултативно) или слободно време за фотографирање на Trocadéro. Сместување во хотел. Слободно време за вечера ( факултативно). Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организиран панорамски разглед на Париз со автобус. Посета на: Hôtel des Invalides – домот на Инвалидите и гробот на Наполеон Бонапарта, Place Vendôme – престижен плоштад со историско значење, Opéra Garnier – позната оперска куќа, Musée du Parfum Fragonard – музеј на парфеми, Galeries Lafayette – познато шопинг место, и Musée du Louvre – светски познат музеј со можност за влез (факултативно) или слободно време за прошетка околу палатата и Jardin des Tuileries – историска француска градина со фонтани, статуи и шеталишта. Прошетка со брод по реката Сена (Факултативно). Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
3 ден
Појадок. Организирана целодневна посета на забавниот парк Дизниленд со автобус. Влезницата вклучува 2 паркови и е вклучена во цената на аранжманот. Враќање во хотел во дополнително договорено време. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Трансфер од хотел до аеродром.
Полетување во 09:55ч од Париз, слетување во Скопје во 12:40 ч.
Напомена: Има можност за трокреветни соби!