fbpx

Аплицирање за Британска Виза во Македонија

 

Велика Британија има систем базиран на поени преку кој се одобруваат барањата за виза за одредени категории кандидати.

Како ќе се оценува Вашата апликација?


Вашата апликација за виза ќе се оценува според одредени критериуми како што се:


☑️ Дали можете финансиски да се издржувате
☑️ Кој е Вашиот иден работодавец
☑️Која е Вашата националност
☑️ Вашата возраст
☑️Вашата професија
☑️Вашето образование
☑️Дали имате намера да работите привремено или трајно
☑️Дали имате криминално досие

Од гаранторот:
-гаранција
-банковен биланс(од банка за висина на примања, заштедевина или пензија)
-фотокопија од државјанство или бристански пасош
-изводи од матична книга на родените доколку сте во крвно сродство
-покана за закажана свадба или настан доколку има
Од поднесителот:
– пополнети формулари
– пасош и лична карта+ фотокопија
– потврда од работа за редовен работен однос M1M2 (да биде наведено каде и од кога работите) и користење на платен или неплатен одмор
– потврда зa висина на примања (за пензионери да се приложи чек од пензијата)
– за ученици или студенти потврда од училиште или факултет
– уверение за семејна состојба ( во агенција )
– уверение за поседуван имот (тапии, сообраќајни книшки…)
– потврда од банка за заштедевина
– потврда за неосудуван ( основен суд )
– венчаница нова на англиски
– изводи од родени за малолетни деца (по можност да биде интернационален)
– потврда за редовен работен однос од брачниот другар и висина на примања
– за лица постари од 70 год лекарско уверение
*** Уплата во агенција за виза…295 Eur
*** формуларот се пополнува онлајн
*** Апликантите мора лично да ги достават документите
*** За посредување на виза 50 Eur
*** Документите се преведуваат на англиски јазик (300 ден по документ)