from 0
Book Now

8 Март во Будимпешта и Виена (06/03/2025-09/03/2025)

Not Rated
Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

1 person

Languages

___

Overview

1.ДЕН : (06.03.2025 – четврток) БИТОЛА Состанок на групата на Градската автобуска станица во 14.30 часот. Поаѓање за Унгарија во 15.00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Нови Сад…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

БУДИМПЕШТА успеа да ја зачува својата историска атмосфера и посебната еклектична слика на градот, а во меѓувреме редовно се отвораат нови места и во него постојано врие живот. Со прошетката низ улиците, пред се – ќе Ве собори од нозе, вековното наследство на градот. Ве очекуваат бројни скриени историски богатства, тајни и интересни заплети од минатото. Унгарскиот главен град станува сè попопуларен меѓу туристите – уште повеќе, Будимпешта стана толку популарна туристичка дестинација што во 2019 година ја освои престижната награда за најдобра европска дестинација, што не е случајно, бидејќи овој град ветува многу прекрасни атракции…

2.ДЕН : (07.03.2025 – петок) БУДИМПЕШТА Пристигнување во Будимпешта во утринските часови…разглед на градот со стручен водич…Кралската Палата, Рибарските бастиони, црквата Св.Матејаш, Цитаделата која се наоѓа на брдото Гелерт – култно место од каде панорамата е неопислива…од таму се гледа Будимската тврдина, Парламентот, мостовите на Дунав, Пештанска страна, како и брдата на Буда…базиликата Св.Стефан, Lanc Hid (мостот на лавовите – првиот мост со кој бил премостен Дунав), Парламентот – ремек делото на Имре Штајндл во неоготички стил – најголема зграда во државата, Операта (правена по примерот на оваа во Виена), како и Плоштадот на Хероите – еден од симболите на Будимпешта, изграден 1896.година за церемoнијата по повод 1000.години Унгарска држава…овде стојат 14 бронзани статуи на Унгарски великани и статуата на Архангелот Габриел, која ја освои Големата награда на светскиот саем во Париз 1900.година…сместување во хотел. Во вечерните часови – заминување на „Ваци“ – единствена амбиентална улица од таков вид во Европа…препорачуваме посета на најстарата слаткарница во Централна Европа – GERBEAUD, која се наоѓа на плоштад Ворошмарти…факултативно крстарење со брод по Дунав, со кое ќе ја комплетирате оваа магична ноќ…Ноќевање.

Главниот град на Австрија – ВИЕНА нуди спој на царски традиции, музика и симпатичен шарм. Град кој инспирира со старото и новото и секогаш има пријатно место во кафуле или винска таверна. Историјата на Виена датира од првиот постхристијански век, кога Римјаните го основале воениот камп Виндобона. Денешниот градски пејзаж се карактеризира со изобилство на барокни градби создадени главно под владеењето на царицата Марија Терезија (1740 – 1780) и Франц Џозеф (1848 – 1916), кој во голема мера бил одговорен за монументалната архитектура во центарот на градот.

3.ДЕН : (08.03.2025 – сабота) БУДИМПЕШТА – ВИЕНА Појадок. По појадокот – слободно време за индивидуален разглед на градот или факултативна посета на Виена…панорамски разглед на градот – Панорамски разглед на градот во стручен водич…обиколка на летната резиденција на Хабзбурговците – замокот Шенбрун, палатата Белведере, комплексот Хундертвасер, Рингштрасе, Ратхаус (резиденцијата на градоначалникот на Виена), црквата Вотив, Опера, Универзитетот, Парламентот, споменикот на Марија Терезија – каде завршува панорамскиот разглед, а започнува пешачката тура низ замокот Хофбург (зимската резиденција на Хабзбурговците), па преку улицата Грабен стигнуваме до велелепната катедрала Свети Стефан, каде и завршува разгледот на овој прекрасен царски град…слободно време за индивидуален разглед на градот или едноставно – уживање во Виенско кафе и парче торта Захер… Враќање во Будимпешта во раните вечерни часови. Посета на „Чарда“ со комплетно мени и програма (факултативно). Ноќевање.

4.ДЕН : (09.03.2025 – недела) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕЈА – СЕГЕДИН – МАКЕДОНИЈА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминуваме за СЕНТ АНДРЕЈА (СЕНТЕНДРЕ), едно мало етно-село, врамено во живописен, прекрасен природен амбиент со кривулестата река (Дунав), блиските ридови и планини. Природниот преглед на историскиот град е величествено и уникатно надополнет со човечки креации… кривулести и тесни улици со калдрма, тесни улички, мали куќички во центарот на градот потпрени една на друга и фино обрабени барокни патеки. Уникатниот медитерански градски пејзаж на Сентендре потекнува од српските, македонските, далматинските и грчките доселеници кои се доселиле на овие простори под водство на патријархот Арсеније Чернојевиќ III во 1690 година, по ослободувањето на Унгарија од Турците…слободно време за уживање во бројните ресторани, снек-барови и слаткарници (местото е исто така познато по изработката на разни креации од марципан). Се упатуваме кон градот Сегедин, најсончевиот град кој лежи на реката Тиса. Четврт најголем град во државата, најпознат по гулашот, но и шопингот. Сегедин е познат универзитетски град во кој ќе уживате во бројните туристички атракции кои го красат градот. После кратката прошетка и разглед на градот, слободно време за шопинг. Состанок на групата на претходно закажаното место. Планирано поаѓање за Македонија околу 19.00 часот. Денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори. Пристигнување во Битола во пладневните часови – наредниот ден.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 8.990,00 денари (149 €) со задолжителен пакет факултативи 85 € (редовна цена 95 €) РЕДОВНА ЦЕНА : 11.100,00 денари (179 €) без пакет

 

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

 

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 50 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

– Автобуски ЛИЦЕНЦИРАН превоз (клима, ЦД, ДВД, разглас…) на горенаведената релација;

– 2 НП во Будимпешта во хотел со 3*;

– посета на Сегедин;

– организација, водство и реализација на аранжманот.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (350,00 ден. – по лице);

 

ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА :

– Разглед на Будимпешта со стручен водич – 15 € по лице;

– Крстарење со Брод по Дунав – 25 € по лице;

– посета на „Чарда“ со комплетно мени и програма – 40 € по лице (оваа факултатива НЕ Е вклучена во ПАКЕТ – ЦЕНАТА);

– посета на Сент Андреја – 15 € по лице;

– задолжителна туристичка такса – 2,5 € по лице на ден.

– Посета и разглед на Виена со стручен водич – 40 € по лице

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ :

– Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот

– Нема намалување на цената за сопствен превоз

– ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)

– Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.

 

НАПОМЕНА : За реализација на факултативата потребен е минимум од 30 пријавени патници.

 

НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Itinerary

Tour's Location

from 0

You might also like