Валона прераснува во европска туристичка дестинација, на самата граница помеѓу Јадранското и Јонското море. Се чини, место идеално за летување на просечно македонско семејство. Поефитно од Грција, дури и од Скопје. Официјална валута е „лек “, сепак не е проблем и да платите во евра, но кусурот го добивате во леки. Во секој маркет, ресторан, кафуле – за 1 евро добивате 130 леки. Отприлика 1:2 е соодносот со македонскиот денар. Плажите во Валона, веќе добиваат европски шмек. Се наоѓаат надвор од центарот на градот. На 10 километри долж крајбрежјето е градчето Орикум, кој е во округот Валона. Орикум е целосно распослан со средени плажи, дел од нив песочни, дел од нив со сите песок. Две лежалки и еден чадор ќе ви чинат од 400 до 500 леки (околу 200 – 250 денари), иако секоја плажа е со ресторан, кафуле, сепак не е проблем доколку и од дома се подготвите за плажа со вода, сок, мини сендвичиња, грицки. 

Лето 2025 во припрема…