Градот на конзулите – Срцето на Македонија

Битола е втор град по големина во Република Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југозападен дел, во Пелагониската Котлина во подножјето нс Баба Планина, на 13 километри од границата со Грција. Градот е лоциран на двата брега на реката Драгор, десна притока на Црна Река.

Битола има улога на регионален центар во рамките на Република Македонија. Сообраќајната комуникација на градот е ориентирана на север кон Прилеп, на запад кон Охрид и на југ кон Грција. Во овие правци се насочени магисталните сообраќајници со меѓународно значење.

Тука се важни и регионалните патишта во правец на Кичево и кон областа Мариово. Низ Битола поминува и железничката пруга од Велес и Прилеп, која продолжува за Лерин, Воден и Солун во Грција.

Денешна Битола е основана кон крајот на VI век. Статус на градска населба има уште од XI век. Градот се развивал во непосредна близина на некогашниот антички град Хераклеја (два километри јужно од денешна Битола. Оваа населба била стопански, културен и сообраќаен центар за Јужна Пелагонија.

Во средновековниот период Битола била утврден град со цркви и манастири, седиште на епископ, црковен центар. Во XVIII век Битола функционално опаднала. Во XIX век градот ги обновил функциите, територијално се проширил и станал “град на конзулите”, бидејќи од втората половина на XIX век до 1912 година во Битола биле сместени повеќе странски конзулати.

Со поделбите на Македонија по Балканските војни и Првата светска војна, Битола губи голем дел од стопанските, административно-политичките и културните функции. По Втората светска војна градот доживува целосно популациско и стопанско обновување. Од околу 40.000 жители во 1953 година, Битола брои околу 80.000 жители во 2002 година.

Сместен во простор со интензивно развиено полјоделство (житни култури, шеќерна репка, тутун) и сточарство, Битола претставува значаен индустриско-аграрен центар за Пелагонија, но и за целата земја. Во неа се лоцирани повеќе агроиндустриски капацитети, од кои некои се единствени и имаат егзистенцијално и стратешко значење за Македонија. Покрај агроиндустријата, во стопанската структура на градот значајно место заземаат рударството и производството на електрична енергија (ТЕ Битола I, II, III), текстилна индустрија, индустрија за градежни материјали, металопреработувачката индустрија, индустрија за преработка на тутун, електроиндустрија.

Името на градот Битола

Во периодот 1864 – 1912, Битола бил главен град на Битолскиот вилает, еден од трите вилаети во регионот Македонија. И денес, голем дел од конзуларните претставништва во Република Македонија се наоѓаат тука. Битола е втор по големина град во Македонија според бројот на жители. За време на Југославија, тој бил еден од културните центри, како во Кралството Југославија, така и во СФРЈ. Таткото на турската нација Кемал Ататурк, завршил офицерска школа во Битола. Некои негови работи денес се чуваат во Народниот музеј. Според Адријан Рум, Битола потекнува од зборот Обителовој – израз кој до денес се употребува и во хрватскиот јазик кој за време на средниот век се користел за заедница на монаси, како фамилија односно манастир. Грците од истите причини градот го нарекувале Монастири. Градот Битола своето име го добил по големопоседникот Тољо, кој имал своја тврдина во близината на денешното битолско село Буково. Во времето кога дошле Турците да го освојат овој дел од Македонија, за да го повикаат на борба големопоседникот Тољо, му велеле „Би Тољо, до би Тољо“.

Chola Guest House Bitola

A historic villa a 5-minute walk from the Sirok Sokak pedestrian street in Bitola, the Chola Guest House offers air-conditioned rooms with coffee and tea making facilities and free Wi-Fi. Each room has a private bathroom, a minibar and a cable TV. The Sv. Dimtrija church is 500 m and the ruins of the ancient […]

Stone Bridge Apartments Bitola

Located in Bitola, 32 km from Florina, Stone Bridge Apartments provides a terrace and free WiFi. Every unit features a private bathroom and bath or shower, air conditioning, a flat-screen TV and a fridge. A bicycle rental service is available at the apartment. Business travellers particularly like the location — they rated it 9.9 for […]

Guest house Via Bitola

Guest House Via is set in the centre of Bitola, only 20 m from the popular pedestrian area of Širok Sokak Street. Featuring free Wi-Fi and accommodation units with cable TV, it offers a lush garden with a furnished terrace.

All rooms and the apartment provide views of the garden. Each unit has its own private bathroom with a shower and a hairdryer. There’s also a common kitchen and a lounge area comprising an LCD TV and a computer.

Širok Sokak Street offers numerous restaurants, museums and shops. Bitola is full of sights. Some of them include Magnolia Square and the Clock Tower which are 500 m away. The covered bazaar and Turkish Bath are 1 km from the Via Guest House.

We speak your language!

Aries Apartments-home, away from home…

Aries Apartments – modern designed apartments built in 2013, with 2-5 beds, living room, completely equipped kitchen, balcony, toilet, cable TV, air condition, washing machine, dish machine, alarm system, free WI-FI, secured parking, 24h monitoring..