Патувањето во зима е назаборавно и забавно искуство. Ниските температури и снежните покривки несомнено асоцираат на зимските центри кои нудат прекрасен зимски одмор.
Бугарија е една од земјите која вреди да се посети во студените месеци. Прекрасните планински предели на Пирин, Рила и Родопите, луксузните ризорти кои нудат задоволство за сите генерации, возбудливите скијачки патеки и вкусната традиционана храна се дел од работите кои не смеете да ги пропуштите оваа зима. Трите најголеми зимски центри во Бугарија се дел од нашата понуда за оваа зима.
БОРОВЕЦ
Боровец е еден од најпопуларните ски центри , сместен во северните делови на планината Рила, на надморска височина од 1350 метри.
Тој е најстар зимски центар во Бугарија и датира уште од 1896-та година кој постепено се разви во модерен ски центар со луксузни хотели, ресторани и барови, околу 60-тина скијачки патеки кои се протегаат на висина и од 2650 метри и кои водат и до самите резорти каде што им се подостапни на скијачите.
Ски патеките се прилагодени како за почетници така и за оние најискусните во овие спортови. Падините на Боровец се под снег најчесто од декември па се до април. Совршената комбинација на локација, клима и географска положба на Борoвец привлекува секоја година огромен број на туристи од цела Европа.
БАНСКО
Банско е најголем зимски ресорт во Бугарија. Сместен во подножјето на планината Пирин – на само 150 километри од главниот град Софија. Низ годините, Банско главно се развива како водечки зимски центар во Бугарија, како регион и бил домакин на неколку интернационални натпревари во алпско скијање.
Зимскиот центар Баснко е познат меѓу туристите како дестинација за скиење и бордање. Околу 90% од ски патеките се опремени со кањони за вештачки снег, за квалитетна подлога која трае. Исто така има и осветлена патека за ноќно скијање. За време на зимскиот период во градот има поставено и отворено лизгалиште. Нај високата надморска височина на ски центарот е 2560 метри. Најголемиот предизвик на скијачите е патеката Tomba, именувана по италјанскиот скијач Alberto Tomba. Таа е една од 70 километарските патеки, од кој најдолгата е 16 километри.
Банско исто е познат и по минералните води, кој го прават центарот и атрактивна СПА дестинација. Многу од поголемите хотели во градот имат базени и затворени СПА центри. Типични за Банско се традиционалните меани, каде се служи традиционално јадење. Сместувањето во Банско е разновидно, од 5 ѕвездени хотели до гостински куќи и апартмани.
ПАМПОРОВО
Зимскиот центар Пампорово се наоѓа во подножјето на врвот Снежанка, во Родопската планина. Пампорово е на 240 километри од Софија и 85 километри од Пловдив. Тој е најсончев зимски центар во Бугарија со 285 сончеви денови годишно. Типично за регионот е што нема нагли промени на времето и нема опасност од лавини. Пампорово е пропрачан ски центар од експертите како најсоодветен за почетници и искусни скијачи. Ски патеките се со различно ниво на тежина – има патеки за професионални скијачи, како и за почетници. Скоро сите патеки почнуват од врвот Снежанка. Постојат можности и за алпско скијање, ноќно скијање и крос-кантри скијање.Ски патеките во зимскиот центар можат да се користат и од сноубордери.  Има можности за спуст скијање, како и еден дел груб терен.Во Пампорово функционират и ски школите за деца и возрасни, а сеуште постои и градинката за деца од 4 до 7 години. Оние кои немаат ски опрема можат да изнајмат од продавниците во зимскиот центар кој се занимаваат со таа дејност.

Банско-прекрасна зима на Пирин

БАНСКО Банско е најголем зимски ресорт во Бугарија. Сместен во подножјето на планината Пирин – на само 150 километри од главниот град Софија. Низ годините, Банско главно се развива како водечки зимски центар во Бугарија, како регион и бил домакин на неколку интернационални натпревари во алпско скијање. Зимскиот центар Баснко е познат меѓу туристите како [...]

Боровец

БОРОВЕЦ Боровец е еден од најпопуларните ски центри , сместен во северните делови на планината Рила, на надморска височина од 1350 метри. Тој е најстар зимски центар во Бугарија и датира уште од 1896-та година кој постепено се разви во модерен ски центар со луксузни хотели, ресторани и барови, околу 60-тина скијачки патеки кои се [...]

Пампорово-снежниот рај на Родопите

СКИ ЗОНА ДВЕ ВО ЕДНО * ПАМПОРОВО И МЕЧИ ЧАЛ Во 2016 година, за прв пат во Бугарија, две соседни скијачки области Пампорово и Мечи Чал започнаа да работат во тандем со единечен билет и транспортен систем, претворајќи ги одморалиштата во еден од најатрактивните комплекси за зимски спортови и забава. Проектот има за цел да […]