Атос е полуостров во Грција, таканаречен трет прст на Халкидики. Широк е 5-10 км, долг околу 45 км, со површина од 389 км2. Полуостровот е ридски, покриен со густи шуми, а во југоисточниот дел на полуостровот на 2033 метри надморска височина се наоѓа врвот на Света Гора, покриен со шума.

Според уставот на Грција, дел од полуостровот познат како Света Гора е политичка самоуправа, автономниот дел на грчката држава и политички припаѓа на Министерството за надворешни работи на Грција, а духовно е под јурисдикција на Вселенската патријаршија во Константинопол, Истанбул. Главен град и административен центар на Света Гора е Карјес. Од состанокот на УНЕСКО во 1988 година, Света Гора е прогласена за светско наследство во категоријата на природна и културна вредност.

Се разбира, дел од Атос кој не припаѓа на Света Гора и е достапен за туристите. Места кои се популарни како одморалишта на Атос се Иерисос, Уранополис, Неа Рода и островот Амулијани лоциран преку Уранополис. Најпопуларниот и најголемиот град во Атос е Јерисос.

Xenios Theoxenia- Атос, Халкидики

ОПИС: Хотел Xenios Theoxenia Ouranopolis е еден од најбараните семејни хотели на територијата на полуостровот Атос, кој се наоѓа веднаш до негувана песочна плажа, која е поврзана со него со подземен премин. Овој хотел располага со голем надворешен базен со дел за деца, голем ресторан во кој се служат сите оброци во текот на денот […]

Akti Ouranoupoli- Атос, Халкидики

Хотелот Акти **** на 20 метри од песочна плажа. Има подземен премин до прекрасната плажа со ситен песок и постепено задлабочување на водата. Секоја соба има еден дупол кревет и два единечни кревети на спрат, wi-fi, тв, клима уред, мини фрижидер,телефон купатило со вц, фен, крпи големи за на плажа и мали за туширање. Има 2 […]

Alexandros Palace- Атос, Халкидики

Положба: се наоѓа на песочна плажа во близина на Трипити, 5 км од Уранополис, Атос. Сместување: 139 соби, 3 луксузни свити, 15 големи свити и 35 џуниор свити. Собите се опремени со бања, балкон, централна клима, сателитска ТВ, телефон, фрижидер, фен, сеф. Услуга: полупансион (појадок и вечера) Содржини: ресторан, ресторан со поглед на море, таверна, […]

Mount Athos Resort- Атос, Халкидики

Се наоѓа во Јерисос, на 450 м од плажата во Јерисос, хотелот располага со удобно сместување, со ресторан, бесплатен сопствен паркинг, сезонски отворен базен и фитнес центар. Во хотелот исто така има бар, градина,  како и приватна област на плажа. Има 24 часовна рецепција, аеродромски трансфери, услуга во соба, и бесплатен интернет во целиот хотел. […]