Апарт Хотел Акрополис 3* – Фурка, Халкидики

View on map
Not Rated from 0 review
0/5
100% guests recommend

Description

Хотелот  Акрополис  3* се наоѓа во Фурка, на околу 200 метри од најблиската песочна плажа. Обезбедува услуга за ноќевање, ноќевање со појадок или полупансион. Хотелот има и сопствен бар на плажа, каде што е можно користење лежалки и чадори со задолжителна потрошувачка во барот. Хотелот се наоѓа на локација каде имате прекрасен поглед на цела долина, како и поглед на море. Центарот на градот е оддалечен околу 900 метри од хотелот, а тоа е и оддалеченост од ресторани, кафулиња и продавници.
Комплексот се состои од три згради, тип А, Б и Ц, кои се поврзани со главната зграда на објектот во кој се наоѓа ресторанот. Над рецепцијата има тераса, опремена со маси и столови, која може да ја користат сите гости и од која има прекрасен поглед на морето и градот. Тоа е одличен избор за уживање во зајдисонце. Во понуда се два вида сместувачки единици кои се наоѓаат на приземје, на прв или втор кат.
Студиото може да прими најмногу три возрасни и дете и располага со брачен и единечен кревет, чајна кујна и бања.
Апартманите за четири лица, со две спални соби, се состојат од  кујна, две спални соби и бања. Едната спална соба има брачен кревет, додека другата соба има два единечни кревети.
Сместувачките единици се климатизирани (климата е вклучена во цена), а гостите имаат на располагање бесплатен Wi-Fi интернет, телевизор со рамен екран, како и кујна, стандарден фрижидер со преграда за замрзнување. Бањите имаат туш без завеса, а некои единици имаат и туш со завеса. Верандите и балконите се опремени со седење. Сите соби имаат поглед на море, базенот или градината.
Во украсениот двор на гостите им се на располагање бар и голем базен, а гостите можат бесплатно да користат лежалки и чадори. На песочната плажа има хотелски бар, а гостите можат да користат лежалки и чадори заедно со нарачани пијалоци или храна. Чистењето, како и менувањето постелнина и крпи, се врши на половина период од престојот. Во ова сместување се дозволени домашни миленици на барање, со доплата. Обезбеден е паркинг простор за сместување на гостите.
Хотелот  Акрополис е одличен избор за сите оние кои сакаат хотелско сместување со базен во близина на плажа. Сместувачките единици се добро опремени, и  секогаш уредни и добро одржувани.

Објавена понуда 12/11/2024

Фамилијарна апартманска понуда Фурка – Халкидики
Попусти за рана уплата : -20% до 30/11/2024   -15% до 31/12/2024   -10% 28/02/2025
За запазување на попуст за рана резервација е потребна уплата од 50%, а остатокот 10 дена пред термин.
Хотел-апртмани Акрополис 3* Фурка 1/3 студио 1/4 студио 1/4 апартман Напомена
Термин/Услуга наем наем наем  
24.05-31.05. 99 119 139 промо
31.05-07.06. 129 149 169 промо
07.06-14.06. 169 189 219  
14.06-21.06. 249 269 289  
21.06.-28.06. 329 349 369  
28.06.-05.07. 389 409 429  
05.07.-12.07. 449 469 499  
12.07.-19.07. 489 509 529  
19.07.-26.07. 559 579 599  
26.07.-02.08. 559 579 599  
02.08-09.08. 559 579 599  
09.08-16.08. 559 579 599  
16.08.-23.08. 559 579 599  
23.08-30.08 489 509 529  
30.08-06.09. 379 399 419  
06.09-13.09. 299 319 339  
13.09-20.09. 229 249 269 промо
20.09-27.09 159 179 199 промо
Цените се дадени за наем на СТУДИО за 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур.
Хотелот Акрополис располага со 1/3 и 1/4 студија, како и 1/4 апартмани опремени со кујна, тоалет, балкун,
паркинг и клима ВКЛУЧЕНА во цена. Хотелот располага и со детско катче со играчки и крлешки.
Сите апартмани имаат прекрасен поглед на море и целата околина на Фурка.
Гостите имаат на располагање базен за кој користењето е ВКЛУЧЕНО во цена, како и лежалки и чадори на базен.
Хотелот им нуди на гостите лежалки и чадори на плажа со нарачка на кафе или пијалок од својот Akropolis beach bar.
Постои и можност за доплата за појадок и вечера во хотелот по цена од 140 Еур по лице за 7 дена. Информации во агенција.
Термините обележани со црвено се промо, и не подлежат на попуст. Попустите не може да се комбинирааат.
На плажата  има можност за поставување на свои лежалки, или пак изнајмување само со нарачка на пијалок.
Автобуски превоз 45 Еур возрасни Битола. 50 Еур Скопје, Велес, Кавадарци,Прилеп.
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст 10 Евра од редовната цена.
За запазување на попуст за рана резервација е потребна уплата од 50%, а остатокот 10 дена пред термин.
Важат Општите услови за патување на СКТМ.

 

 

Hotel Facilities

Air Conditioning
Flat Tv
Internet – Wifi
Kitchen
Parking
Pool
Restaurant
Yard
Show All

Hotel Theme

Early Booking 2023
Early Booking 2025
Standard
Автобуски аранжмани
Грција
Касандра - Халкидики
Лето 2025
Фурка, Халкидики
Хотели Закуп
Show All

Rules

Check In 14:00 pm
Check Out 10:00 pm

Rooms

avg 0 /night

Owner

Aries Travel

Member Since 2019