Струга, градот на мостовите и поезијата, е сместен во југозападниот дел на република македонија, покрај охридското езеро, на бреговите на реката Црн Дрим која го дели градот на два дела.Исклучителната локација на градот, пријатната клима, одличните сообраќајни поврзувања со светот, прекрасните плажи и бројните хотели по крајбрежјето на езерото, заедно со археолошките локалитети на средно вековни цркви и други културни споменици ја прават струга еден од најважните туристички и културни места за одмор воРепублика Македонија.
Едноставно не е возможно да се посети Струга, а да се остане незаинтересиран за природната убавина, во течението и изворот на Дрим, во старата архитектура и во тесните улички, куќите со галерии и дуќаните со кепенци. ќе бидете задоволни од локалните луѓе кои ќе ве пресретнат со топло добредојде и ќе направат да се чуствувате како дома.
Хотел Бисер е лоциран на самиот брег на Охридското Езеро и е одалечен само 10 км од струга и 17 км од Охрид. сообраќајно е поврзан со околните населени места со патишта, 24 часовна активна врска. близината на аеродромот овозможува одлична врска со одалечените дестинации. Хотелот по воден пат е поврзан со охрид, манастирски комплекс Св.Наум и пристаништето во Подградец – Р.Албанија.
Хотелот е типичен модел на старо Македонска архитектура која претендира да ги задржи националните архитектонски карактеристики и денес, и покрај притисокот на новите трендови за ентериерска организација.
Хотелот Бисер им посакува добредојде на своите гости веќе 30 години со широко отворени врати нудејќи го своето гостопримство, предизвикувајќи чувства на комфорт, релаксација и задоволство.
ВИД НА СОБА | НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК | ПОЛУ ПАНСИОН |
ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА | 31 EU/по лице на ден | 35 EU/по лице на ден |
ДВОКРЕВЕТНА СОБА | 24 EU/по лице на ден | 27 EU/по лице на ден |
АПАРТМАН | 55 EU/по лице на ден | 65 EU/по лице на ден |
* Доплата за трето легло: +30%
* Деца до 5 години: Гратис
* Деца 5 – 10 години: -50%
• Дадените цени се за индивидуални лица.
• За цени за групи и семинари, Ве молиме обратете се на нашиот контакт е-маил!