ХОТЕЛ МАИВА 4* – ОХРИД
Хотел Маива, категоризиран како Хотел со 4 ѕвезди, е нов објект, кој се наоѓа во туристичката населба Св. Стефан и е на само 50 метри од езерската шир и 150 метри од Хотел Климетица . Претставува објект со современ ентриер – Ви нуди комфор, удобност – прекрасно место за одмор и релаксација, како и споделување пријатни мигови.
Хотел Маива располага со 30 луксузни студија, опремени со француски лежај и гарнитура за дневен престој, со плазма и сателитска ТВ, мини бар и тераса со поглед на езеро.
Исто така, хотелот располага и со Kристална сала со 150 седишта во кој ќе можете да уживате во разновидноста на специјалитети од национална и интернационална кујна во прекрасен амбиент во кој можете да ги прославите вашите свечености, коктел забави или деловни приеми.
Во склоп на хотелот работи и кафе бар со тераса, каде ќе можете да се релаксирате за време на Вашиот престој.
Хотелот нуди можност за организација на семинари, деловни состаноци и меѓународни конгреси.
Хотел Маива 4*
BB = 23 евра ( 1420 денари )
HB = 26 евра ( 1620 денари
* Цената е по лице на ден во двокреветна соба
*за сместување во еднокреветна + 30% доплата
* деца до 5 години гратис
* деца од 6-12 плаќаат 50% од цената
* користење на СПА центар
Политика на отказ:
– 7 дена пред користење на услугата ( без надоместок );
– за отказ на резервација помалку од 7 дена – 50% пенали
– за отказ помалку од 2 дена – 100%