Милениум Палас е хотел со четири ѕвезди кој се наоѓа во југозападниот дел од Македонија, на брегот од прекрасното Охридско Езеро.
Со самото тоа што е сместен во Охрид, европскиот Ерусалим, ги комбинира предностите на еден модерен град и на место со богато историско минато и културни вредности.
Нуди незаборавен поглед на езерото, стариот град и древната Самоилова тврдина. Од стариот дел на градот Ве дели само кратка, пријатна прошетка покрај езерото.
Ќе бидете воодушевени од неверојатниот спој на природните и културно-историски богатства: антички споменици, цркви, музеи, сето тоа надополнето со прекрасен поглед кон езерото, посебно на зајдисонце.
Хотелот располага со капацитет од вкупно 69 соби од кои: 45 стандардни соби, 10 дуплекси, 6 делукс соби и 8 Јуниор aпартмани.
Секоја соба е опремена со:
Винскиот бар во склоп на хотелот “Милениум Палас“ Ви овозможува пријатен амбиент во македонски традиционален стил со голем избор на домашни вина, комбинирани со пикантни сирења и пршути. По долгите прошетки по Охридското крајбрежје, овој пријатен амбиент ќе го надополни Вашиот впечаток од гостопримството на овој град.
(по соба, на ден) | Ноќевање со појадок (ВВ) |
---|---|
Еднокреветна соба | 2990.00 МКД (49 €) |
Двокреветна соба | 4270.00 МКД (70 €) |
Дуплекс соба / Делукс соба | 6040.00 МКД (99 €) |
Јуниор апартман | 9090.00 МКД (149 €) |
Дадените цени се за соба на ден со вклучен:
– Деца до 7 години: Гратис.
– Деца од 7 до 12 години: 50% попуст
– Доплата за трето лице во соба: 1525 МКД (25 ЕУР) на ден.
– Доплата за оброк (пансионски ручек или вечера): 490 МКД (8 ЕУР) по лице.
Забелешка: Хотелот го задржува правото за промена на цените без најава.
Check In | 14:00 |
---|---|
Check Out | 09:00 |