Комплекс Кораб Трница – Маврово

View on map
Not Rated from 0 review
0/5
100% guests recommend

Description

КОМПЛЕКС КОРАБ ТРНИЦА

С. ТРНИЦА – МАВРОВО

Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар.

Комплексот им нуди на гостите можност за одмор во  апартмани, соби  и бунгалови  со прекрасен поглед кон падините на Кораб, Шара и Бистра

За гостите комплексот нуди бесплатно користење на велосипедите и риболовна опрема. Располагаме и со сопствени коњи и организираме тури за јавање за почетници.. Во комплексот има пешачки патеки и игралиште за деца. За авантуристите, во близина на овие објекти постои и посебен простор за кампување и за шатори, кој е опремен со комплетна инфраструктура.Овој комплекс, освен со сместувачките капацитети, располага и со простории за состаноци и за деловни состаноци.

Посебен акцент ставаме на нашиот ресторан Кораб Трница во кои гостите можат да ги пробаат највкусните традиционални специјалитети како: надалеку познатиот качамак со кисело млеко, ѓомлезе, реканските пити, трничка тава..

Хотелот Кораб Трница се состои од

– двокреветна соба  (од кои 3 се со брачен кревет а 2 се со два единечни кревети)

-1 * трокреветна соба  (се состои од 1 брачен и еден единечен кревет

-4 * апартман  (Капацитет: 4лица Апартманот се состои од една спална соба со голем кревет за две лица и дневна соба со голем кревет на спуштање за две лица)

-2* вип апартман (капацитет: 4 лица, ист како обичниот само поголем и со тераса)

– 1* голем апартман за 8 лица кој се состои од две спални соби со по еден голем кревет за две лица, голема дневна соба со софа, терпезарија и 4 единечни кревети.

Моментално во изградба се и 5 бунгалови

Цените се изразени во денари, за наем на соба на ден

Појадок чини 200 денари по лице

Ручек/ вечера чини 450 ден по лице.

И истите се плаќаат на лице место

За деца до 8 години сите оброци се бесплатни.

За деца до 12 години сите оброци се на 50% попуст.

Редовен ценовник

Политика на отказ на резервација:

До 14 дена пред пристигање – без пенали; од 14-3 – 10% пенали; од 3-0 – 100% пенали

Hotel Facilities

Air Conditioning
Conference toom
Fitness Center
Flat Tv
Internet – Wifi
Kitchen
Parking
Restaurant
Yard
Show All

Hotel Theme

Маврово
Маврово - зима 2020
Македонија
Македонија - зима
Македонија Бањи

Rules

Check In 12:00
Check Out 12:00

Rooms

avg 0 /night

Owner

Aries Travel

Member Since 2019