ОПИС:
Хотелот се наоѓа на Касандра, на атрактивна локација во центарот на Криопиги. Изграден е во локален архитектонски стил, покрај шумата и со поглед на заливот Торонео и Ситонија. Од Калитеа е на 5 км, а од Солун 90 км. Од песочната плажа Пигадакиа е оддалечено 800м. Хотелскиот шатл е на услуга на гостите и работи неколку пати на ден.
СОДРЖИНА:
Рецепција, лоби, ресторан, бар покрај базен „Делфинс“, главен бар, традиционално кафуле, конференциска сала, менувачница. Посебно се плаќа според правилата на хотелот: сеф на рецепција, Wi-Fi интернет на јавните површини на хотелот (во фоајето и барот покрај базенот), факс, перална, лекарска услуга, изнајмување автомобил, фризер. Спорт и забава: надворешен базен за возрасни и деца (лежалки и чадори покрај базенот), кино на отворено, анимација, детски игралишта. Паркингот е бесплатен, Лежалки и чадори покрај базен бесплатно, Лежалки и чадори на плажа со доплата, Спа и велнес со доплата.
УСЛУГА:
Полупансион – Појадок и вечера на шведска маса – самопослужување, избор од повеќе јадења./ Услуга All Inclusive.
Check In | 12:00 pm |
---|---|
Check Out | 12:00 pm |