Хотелот Метропол беше и остана единствен и неповторлив хотел, меѓу сите други хотели во регионот, со архиктетура што го одделува од сите други конвенционални хотели.
Хотелот е изграден и отворен во 1975 г., и е комплетно реновиран во 2018 г.
Според законската категоризација хотелот спаѓа во II категорија со 4 ѕвездички.Хотелот е комплетно климатизиран, пет ката над приземјето и две нивоа под основниот спрат.
Хотелот “Белви” е отворен во 1989 година, со спроведено комплетно реновирање во 2018 година. Според законските регулативи, хотелот е категоризиран како хотел од втора категорија со 4 ѕвездички. Хотелот се состои од пет спрата со мезанин, приземје, пет ката над приземјето и две нивоа под основниот спрат.
Хотелот “Турист” е изграден и отворен во 1986г. како анекс на хотелот “Метропол”. Комплетно е реновиран во 2007 година. Хотелот ја има истата архитектура како и Метропол и двата хотела се поврзани со внатрешен коридор и гледано однадвор, изгледаат како еден хотел, со воодушевувачки стил.
Check In | 14:00 |
---|---|
Check Out | 09:00 |