Куршумлијска бања се наоѓа на околу 450 м надморска височина, 272 км од Белград, 73 км од Ниш и 11 км од Куршумлија.
Позната е по спектар на различни термоминерални води со температури од 14°C до 67°C.
Термоминерална вода која се користи во медицинскиот блок на хотелот „Планинка“ и базените, спаѓа во категоријата на високо минерализиран, слабо кисел натриум, хидрокарбонат хипертермија.
Како дел од третманот, гостите можат да користат и лековита кал, направена во комбинација со термална бањска вода, чие изразено терапевтско дејство поволно делува на ревматските заболувања.
Благодарение на уникатните карактеристики на термалните минерални води, балнеолошкото и медицинското знаење, истражувањето ги утврди следните индикации за третман во Куршумлијска Бања:
Цените се по лице на ден во двокреветна соба
термини | Велнес ден | Медицински ден |
Јануар-Февруари | 59 | 67 |
Март – Декември | 69 | 78 |
Цени во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Доплати, попусти:
Еднокреветна соба: 9 € на ден
Престој во комфорни соби: 5 € по лице на ден
Престој во апартман: 9 € по лице на ден
Деца до 7 г.бесплатно
Деца од 7-10 г. плаќаат 50% од наведените цени со двајца возрасни во соба
Напомена: специјалниот попуст за деца ги исклучува другите попусти и промоции
Во цената Е вклучено:
Полу пансион ( појадок, вечера )
Користење надворешен и внатрешен базен
Користење Валнес центар
Безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување
Пијалок за време на оброците
Велнес денот вклучува
Лекарски прегледи кај дежурните лекари за време на престојот;
Докторска здравствена контрола:
24-часовна медицинска услуга во хотелот, изработка на отпусна листа;
Сместување во стандардна двокреветна соба
Оброци на база на полупансион, појадок и вечера (шведска маса)
Користење на отворен-затворен базен и детски базени
Користење на сала за забава (тенис на маса, билијард)
Користење на теретана
Користење на детската игротека
Користење на велнес центарот „Бањска“.
Комплекс од 8 базени со термална вода
Сауна
Солена соба
Парна бања
Ладна пештера
Тепидариуми
Кнаип патека
Соба за релаксација
Такса за престој
Медицинскиот ден вклучува велнес ден + 4 терапии дневно
Електротерапија (дијадинамика, интерферентни струи, TENS, мускулен стимулатор, solux ламба)
Хидромасажа во медицинска вода (бисерна бања)
Примена на медицински кал (до две апликации)
Терапија со хидрокинеза
Сите терапии се спроведуваат по препорака на лекар и по лекарски преглед
Терапиите ги одредува бањскиот лекар според индикации, а се вршат секојдневно и за време на викенди и празници.
100% авансно плаќање, најмалку 15 дена пред пристигнувањето
Напомена:
Овие цени не важат за време на празници: 01.01.-09.01.2024, 14.02.-19.02.2024 г.,
30.04.-06.05.2024, 08.11.-12.11.2024 г. и 25.12.-31.12.2024 г. важат празничните пакети.
Велнес и СПА:
8 базени со термоминерална вода
Престојот во базен позитивно влијае на нервниот систем, метаболичките процеси.
Поради балнеолошките вредности, термалната минерална вода на бањата Куршумлија ќе има повеќекратни ефекти врз здравјето на вашето тело.
Велнес „Бањска“ располага со 8 базени: полуотворен базен, три детски и два затворени.
Сите базени се полни со термална минерална вода на температура од 33-35˚C.
4 фински сауни
Инфрацрвена сауна
2 солени соби
Парна бања
Ладна пештера
Тепидариуми
Соба за одмор
Ладен туш
Kneipp патека
Ресторани:
Основен ресторан, Лоби бар, велнес бар, Клуб кафе, Ресторан Преполац
Сместување:
Стандардни соби за најмногу три лица. Соби со два единечни кревети или еден брачен кревет, со можност за додавање дополнителен кревет во соби со брачен кревет.
Комфорт соби за најмногу три лица.
Соби со брачен или два единечни кревети.
Секоја соба има туш кабина и џакузи када.
Апартманите се наменети за сите кои сакаат пространо сместување.
Една спална соба со брачен кревет и дневна соба, кујна.
Во собите:
Интернет
Детско креветче на барање
Фен
Козметички пакет
Телевизор
Мини бар
Крпи, влечки и бањарка
Дополнителен кревет на барање
Тераса
Туш
Доколку патникот самоволно го напушти хотелот пред датата која е определена на резервацијата, хотелот нема да го компензира останатиот износ.
Надоместокот за скратување на престојот не се наплаќа во случаи на: ненадејно боледување гостин, смрт во потесното семејство, елементарна непогода, вонредна состојба.
Сместување во собите после 14;00 часот ( прв ден )
Напуштање на собите до 11;00 часот ( последен ден )
Сите лични податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијата.
Сите посебни потреби од страна на хотелот се потврдуваат на лице место од страна на самиот хотел.
Ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот и треба да се направи на лице место за време на престојот во хотелот.
Категоријата на хотелите се определува според законодавните одредби на соодветната држава.
Информацијата за услугите и конфорот кои што секој хотел ги нуди се осигурани од самите хотели.
Хотелот прифака рекламации во рок од 48 часа.
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот.
Хотелот не прима домашни миленици
Агенцијата не сноси одговорност за загуба на облека, пари и документи оставени во собата на хотелот/објектот.
Агенцијата не сноси одговорност за штети настанати при неисполнување или нецелосно исполнување на услугата при појава на непретпоставена или виша сила која што не може да се предвиди или избегне од страна на агенцијата или нејзините суб агенти ако истите совесно ги извршиле своите должности.
Агенцијата не сноси одговорност за неточно потполнети обрзаци за резервација од страна на клиентот. Неправилното пополнување на името може да доведе пограничните служби да не ви дозволат влез во соодветната земја и да ви се откаже престојот.
Агенцијата не сноси одговорност, не ги обештетува и не ги компензира туристите кои се откажале од користењето на услугата или на дел од неа.
Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Агенцијата не сноси одговорност пред туристот за неиздавање на виза кога тоа се бара. При поднесување на редовни документи и неиздавање на виза на туристот платените суми не се враќаат. При неиздавање на виза поради поднесување на непотполни или неточни документи, предходни криминални дејствија на туристот во соодветната земја, незапазување на роковите за поднесување на документите, како и не пријавување на интервју во конзуларните служби каде тоа се бара, услугата се поништува и се задржуваат пенали
Агенцијата не сноси одговорност за дејствија на погранични и царински служби, авиокомпании, автобуски и железнички превоз и не ги обештетува туристите независно од тоа дали поради таквите дејствија туристите неискористиле дел од услугите или целата услуга.
При штети кои што се нанесуваат во хотелите конретниот извршител или извршители прифаќа/ат материјална одговорност за штетата на лице место кога тоа се бара од оштетениот.
Агенцијата не прифаќа трошоци по тој основ и не е должна никакви компензации или обештетувања
Агенцијата не прифаќа трошоци поврзани со консумацијата за храна и пијалоци надвор од платената услуга и опишана во ваучерот издаден на клиентот.
Check In | 12:00 pm |
---|---|
Check Out | 12:00 pm |