Rimske Terme- Словенија

View on map
Not Rated from 0 review
0/5
100% guests recommend

Description

Римске Терме се наоѓа во Римске Топлице, на помала надморска височина над реката Савиња. Гостите можат да уживаат во различни активности на отворено. Околу паркот има добро уредена пешачка патека која води низ шумата каде често може да се најдат елени,  има возење велосипед, планинарење или нордиско пешачење.
Римске Терме е оддалечен 8 километри од помалиот град Лашко, 24 километри од градот Целје и 90 километри од Љубљана.
Термална вода извира од неколку извори кои се наоѓаат на околу 1.000метри под површината на земјата. Температурата на водата од изворот Амалија е 38,4 ° C, а од римскиот извор 36,3 °C. Оваа термална вода е докажано дека помага во лекувањето на ортопедски, ревматолошки, дерматолошки, гинеколошки, невролошки и респираторни заболувања.
Хотелскиот комплекс се состои од три хотели меѓусебно поврзани со топли коридори. Гостите на сите три хотели ги користат истите капацитети на велнес центарот и ресторанот , а разликите се во изгледот на самите соби.
Базените во велнес центарот се со лековита вода кои се на површина од 450 m2, а има внатрешни (32 C °) и надворешни панорамски базени (32 C °) кои се поврзани со топла врска, потоа 4 внатрешни и 3 надворешни базени со масажери (35 C °) како и специјални столчиња и кревети во вода.
Ринске Терме го има и велнес центарот Амалија, на гостите им се на располагање бањи со водени нимфи, масажи и третмани за тело, како и разновидни велнес третмани.
Светот на сауните кој нуди уникатно искуство во сауна со нови програми и ритуали. Фински, римски, инфрацрвени, био-арома, турски, руски и солени сауни. Сауна Светот има реновиран бар и салон.Има и фитнес центар, салон за убавина и фризер.

Hotel Zdraviliski Dvor **** & Hotel Sofijin dvor ****
75 € / по лице на ден
Минимален престој е 2 ноќевања.
Пакетот е валиден за резервации и престој во период: 03.01-26.04.2024
Во пакет цената е вклучено:
– Сместување во двокреветна соба во зависност од избор на хотелот
– Полупансион (појадок и вечера)
– Неограничено користење на базенскиот комплекс со термалана вода
– Анимациски програм
– Интернет
– 1 x Неограничен влез во сауна центар
Во цената не е вклучено:
– такса 2,5€ по лице od ден, за деца до 14 год. 3€ од ден
– користење на гаража: 8€ на ден

Услови за деца:
– 1 дете до 6 год. во придружба на двајца возрасни без дополнително легло – БЕСПЛАТНО
– 1 дете до 12 год. во придружба на двајца возрасни на дополнително легло – БЕСПЛАТНО
– дете до 14 год. во придружба на двајца возрасни на дополнително легло 30€ на ден

Доплати:
– доплата за полн пансион 24€ за возрасни /15€ за деца, на ден
– доплата за еднокреветна соба 20€ на ден во Sofijin Dvor

Rules

Check In 12:00 pm
Check Out 12:00 pm

Rooms

avg 0 /night

Owner

Aries Travel

Member Since 2019