Шпанија 25.06-06.07.2025

View on map
Not Rated from 0 review
0/5
100% guests recommend

Description

Возбудени сме што можеме да ви понудиме незаборавен летен одмор каде што ќе добиете можност да посетите повеќе од 10 европски градови, да ја истражите нивната историја, култура и знаменитости. Од раздвижените улици на Монте Карло до шармантните канали на Венеција, ќе можете да уживате во најубавите и највозбудливите места во Европа.

Доколку сте прв пат во Шпанија и на оваа наша авантура тврдиме дека ќе имате незаборавни 2 недели. Првиот страв секогаш е долгото автобуско патување, но тука нашиот водич, искусните возачи,многуте попатни паузи, посетата на прекрасните попатни локации ќе Ве натераат патувањето да Ви биде задоволство.

Сместување во Калела: “Summer Hotel – Calella” е на 5 минути пешачење од плажата Калела и 10 минути пешачење од центарот на градот. Бесплатен Wi-Fi во заеднички простор и отворен базен. Сите соби се климатизирани и имаат тераса, сателитска и ТВ со рамен екран,тоалетот е опремен со фен и крпи. Ресторанот на хотелот е со шведска маса и служи шпанска и интернационална храна, има и модерен бар и ТВ салон. Можете да изнајмите автомобил или велосипед и има лесен пристап до автопатот Марезме.
Хотелот е на околу 45 минути возење од центарот на Барселона.

Земјата на Сангријата, Коридата, фудбалот, преубавата и егзотична Шпанија Ве очекува.

Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да стекнете доживотни спомени. Придружете ни се за најдоброто лето во вашиот живот!

Датум: 25.06-06.07.2025
Цени: 649€ по лице
*Цената за рана резервација важи за уплата до 15.04.2025.
Во цената е вклучено: Организација на патувањето и водич
Превоз со високо туристички автобус (ТВ, клима)
1 ноќевање со појадок во регионот на Лидо ди Јесоло
6 полни пансиони (појадок, ручек и вечера – шведска маса) во “Summer Hotel – Calella” – Калела во дво и трокреветни соби
1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Франција – Кан / Ница во хотел со 2/3*)
Бесплатна посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло
Во цената не е вклучено: Патничко осигурување, истото може да се извади и во агенција по цена од 650 денари
Доплата за еднокреветна соба = 50 еур по лице / за сите ноќевања во хотел според програмата
Задолжителна туристичка такса во хотел во Италија и Шпанија = 2 еур по лице / ден., се плаќа на рецепција во хотел при сместување
25.06.2025
Поаѓање од Скопје во 14.00 ч.
Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија.
26.06.2025
Пристигнување во утринските часови на пристаништето Пунто Сабиони и
започнување со првата факултативна екскурзија во Венеција.
Сместување во хотел во регијата Венето (Хотел со 2* или 3*)
Ноќевање
27.06.2025
Појадок и поаѓање кон Верона
Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери
Поаѓање кон Шпанија – Ноќно возење
28.06.2025
Пристигнување во Калела и сместување во хотел со 4*
Калела е едно од најубавите места на Коста Брава на само 40 км од Барселона. Мирен град, со многу локални продавници за сувенири, шопинг, ресторани и преубави големи песочни плажи.
Во хотелот имаме 3 оброци (појадок, ручек и вечера) – Шведска маса.
28.06.2025 – 04.07.2025
Престој во Калела- Summer Hotel.
04.07.2025
После појадок поаѓање кон Кан и Ница. Сместување во хотел во Кан / Ница со 2/3*
Посета на Пристаништето на Кан, Филсмкиот фестивал, посета на промеданата на Ница, патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот и целиот ноќен гламур на Монако и Монте Карло со луксузните казина, јахти, крузери и уникатни автомобили.
Ноќевање
05.07.2025
Појадок и одјавување од хотел
Поаѓање кон Скопје.
06.07.2025
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови

Посета на Венеција со Брод – 30€ по лице

Пристигнување на пристаништето Пунто Сабиони во претпладневните часови (околу 10.00)
Почеток на турата со посета на: Мостот на воздишките, плоштадот Св.Марко, Дуждовата палата, мостот Риалто, прекрасните мали канали како и големиот канал кој ја дели Венеција на 2 делови.

Можност за индивидуално слободно време за прошетки, возење со гондола, посета на продавници и сл.

Посета на Верона – Бесплатно

Пристигнување во Верона
Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери

Посета на Кан, Ница и Монако и Монте Карло – Бесплатно

Посета на Пристаништето на Кан, Филсмкиот фестивал, посета на промеданата на Ница, патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот и целиот ноќен гламур на Монако и Монте Карло со луксузните казина, јахти, крузери и уникатни автомобили.

Барселона Панорамика – 65€ по лице

Целодневен разглед на Барселона и посета на Саграда Фамилја, куќите на Гауди & Paseo de Gracia, плоштад Каталуња, споменикот Кристофер Колумбо, Монжуик и влезница за Паркот – Шпанско Село. Слободно време за шопинг и индивидуални активности во центарот на градот (Estacio de Franca)

Аквариум Барселона – 35€ по лице

Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.

Фламенго Вечер – 35€ по лице

Трансфер до локацијата, влезница и Сангрија (Традиционално Шпанско вино)

Музеј Дали + Георна – на барање

Откријте го музејот Салвадор Дали во Фигерес и магичниот средновековен град Жирона, двете од најпознатите атракции во северна Каталонија.

Музеј на Дали – е музеј на уметникот Салвадор Дали во неговиот роден град Фигереш, во Каталонија, Шпанија. Срцето на музејот е градскиот театар што Дали го знаел како дете. Музејот ја прикажува единствената најголема и најразновидна колекција на дела на Салвадор Дали.

Херона – позната по својата средновековна архитектура, заграден со ѕидови Стариот кварт (Бари Вел) и римските остатоци од тврдината Форца Вела. Украсените градини се наредени низ Passeig Arqueològic, патека по средновековните ѕидини на Стариот кварт, кои вклучуваат караули со огромен поглед.

 

*Можност за дополнителни факултативни екскурзии по барање на групата
* За секоја факултатива потребно е минимум 25 патници

Rules

Check In 12:00 pm
Check Out 12:00 pm

Rooms

avg 0 /night

Owner

Aries Travel

Member Since 2019