Вила Флора – Торони

View on map
Not Rated from 0 review
0/5
100% guests recommend

Description

Print Friendly, PDF & Email

Вила Флора е одлично позиционирана на само 30м од плажа, во близина на првиот влез во Торони.
Вилата е на главната улица, која воедно минува и покрај самата плажа, во непосредна близина до сите потребни содржини на ова место. Вилата располага со двокреветни, трокреветни студија и апартмани распоредени на високо приземје, прв и втор кат.
Секоја од собите е опремена со соодветен мебел, мини кујна, тоалет, ТВ, клима и тераса.
Во склоп на самата вила на приземјето од куќата има ресторан таверна каде што гостите имаат полупанскионска услуга и да уживаат во вкусовите на традиционалната грчка кујна..
Вилата заради непосредната близина на прекрасната плажа во Торони и мирниот карактер на селото е одличен избор за релаксиран летен одмор.

 

Цените се по лице за 8 дена 7 ноќи – ПОЛУПАНСИОН

Термини 1/2 студио 1/2+1 студио APP 1/2+2
11.06-18.06 199 239 289
18.06-25.06 209 249 299
25.06-02.07 229 259 309
02.07-09.07 249 279 329
09.07-16.07 259 289 339
16.07-23.07 279 299 349
23.07-30.07 289 309 359
30.07-06.08 289 309 359
06.08-13.08 289 309 359
13.08-20.08 279 309 359
20.08-27.08 269 299 349
27.08-03.09 229 259 309
03.09-10.09 209 249 299
10.09-17.09 199 229 279

Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
Услуга 7 полупансиони
Сместување во студио/апартман  7 ноќевања
Безжичен интернет

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Превоз
Патничко осигурување-задолжително е да се има
Останати индивидуални трошоци,
Факултативни екскурзии,
Дополнителни оброцИ,
Турситичка такса 0,50 центи по соба од ноќ

НАПОМЕНИ:
Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
Превоз од  Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
GPS: 39.989060, 23.898658

 

Hotel Theme

Грција
Лето 2023
Ситонија - Халкидики

Rules

Check In 12:00 pm
Check Out 12:00 pm

Rooms

avg 0 /night

Owner

Aries Travel

Member Since 2019