Вилата „Mersinis“ во Неос Мармарас на вториот крак Ситонија има се` што Ви е потребно за вистински одмор: конфорни апартмани, двор со зеленило, простор за скара и вечерни седенки, паркинг, преубава плажа, мир, спокојство…Вилата е комплетно изолирана од градската врева; лоцирана е на само 3 км пред влезот во Неос Мармарас, во непосредна близина на кампот „Castello“ и е оддалечена само 2 км од прочуената „Lagomandra Beach“. Совршена локација за летно уживање! Гостите кои ќе летуваат во вилата „Mersinis“ќе ја користат плажата на кампот Castello која се наоѓа на само 150 метри од вилата. Во кампот секојдневно можете да пазарувате во мини маркетот, но и да ги користите услугите во ресторанот. Доколку сте без сопствено возило а имате потреба да го почуствувате пулсот на градот, автобуската постојка е на само 200 метри од вилата.
Вилата„Mersinis“има шест пространи апартмани на приземје, прв и втор спрат кои имаат големи тераси со поглед во дворот или на локалниот пат кој води до Неос Мармарас. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, кујни, купатила, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Цените се за наем на апартман за 10 ноќевања
термини | ноќи | Апартман 1/2+2 | Апартман 1/2+3 |
20.05 – 30.05 | 10 | 200 | 250 |
30.05 – 09.06 | 10 | 250 | 300 |
09.06 – 19.06 | 10 | 400 | 450 |
19.06 – 29.06 | 10 | 450 | 500 |
29.06 – 09.07 | 10 | 550 | 600 |
09.07 – 19.07 | 10 | 700 | 750 |
19.07 – 29.07 | 10 | 700 | 750 |
29.07 – 08.08 | 10 | 700 | 750 |
08.08 – 18.08 | 10 | 700 | 750 |
18.08 – 28.08 | 10 | 700 | 750 |
28.08 – 07.09 | 10 | 550 | 600 |
07.09 – 17.09 | 10 | 400 | 450 |
17.09 – 27.09 | 10 | 250 | 300 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
Безжичен интернет
Клима уред
Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз (доплата за организиран превоз)
Патничко осигурување
Задолжителна туристичка такса 0,50 € по соба на ден (се плаќа во агенција)
Превоз
Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:
Скопје-Кавадарци-Неа Флогита-Никити-Неос Мармарас
(поаѓање од Скопје во 04;00ч. Од Кавадарци 05;30ч, )
За возрасни 45 €
За деца до 12 години 35 €
Деца до 2 години бесплатно, без седиште
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж
Check In | 12:00 pm |
---|---|
Check Out | 12:00 pm |