Вила Порто Фино – Никиана, Лефкада

View on map
Not Rated from 0 review
0/5
100% guests recommend

Description

Вила Порто Фино, Никиана, Лефкада

 

Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја…Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен.

Зошто ја одбравме за Вас Вила Порто Фино во местенцето Никиана на Лефкада?!
– одличен квалитет со 3 креветни студија идеални за фамилии ( со можност да се стави екстра кревет каде има место)
– приватна плажа во непосредна близина на само 20м без гужви и галама
– иделана позиција на островот со еднаква оддалеченост од Нидри и главниот град Лефкас
– прекрасен простран двор за одмор и забава покрај зидана скара која е на располагање на гоститеНикиана е мало рибарско место кое се наоѓа измеѓу главниот град Лефкас и Нидри. Ова место има идеална местоположба за сите оние кои сакаат да го истражуваат прекрасниот остров, исто така близината на главниот град дава можност за шопинг и ноќни забави. Поради прекрасната околина богата со вегетација и преполна со маслинови дрва Никиана стана една од омилените дестинации на Лефкада за сите оние кои сакаат релаксација и ослободување од стрес. Во Никиана има три различни поголеми песочни плажи и неколку мали романтични плаж на кои можете да уживате под природни сенки, исто така местото има автобуска постојка која Ви дава можност да ги посетите преубавите плажи и градови на Лефкада со автобус. Во Никиана можете да уживате во таверни кои служат прекрасна морска храна, кафе барови и супермаркети распоредени на главната улица и покрај плажата.

Вила Порто Фино А кат. – Никиана, сe наоѓа на главниот пат одалечена само 30 тина метри од најблиската песочна плажа. Во близина на вилата има пекара, супермаркет и неколку таверни. Вилата располага со 12 комплетно реновирани  студија за 3-4 лица кои имаат 1 брачен кревет и еден  единечен кревет. Сите студија се опремени со кујна, клима (со доплата 5 еур/ден), телевизор и тераса со делумен поглед кон море, исто така вилата има и голем двор со тревна површина каде има скара и фурна кои гостите можат да ги користат.

Координати: 38.75555497808294, 20.719592557129662          https://goo.gl/maps/WnJnAJzYdw9maZt47  

 

Лефкада- островот со најубави бои
Попусти за рана уплата : -15% до 15/02/2025    -10% до 30/03/2025
За запазување на попуст е потребна уплата 50%, а остатокот 10 дена пред термин.
Вила Порто Фино Б кат – Никиана 1/2 студио 1/3 студио напомена
Термин/Услуга 7 наем 7 наем 7 наем
28.05.-04.06.2025 99 109 промо
04.06.-11.06.2025 129 149 промо
11.06.-18.06.2025 169 189 промо
18.06.-25.06.2025 299 319  
25.06.-02.07.2025 359 379  
02.07.-09.07.2025 419 449  
09.07.-16.07.2025 459 479  
16.07.-23.07.2025 499 519  
23.07-30.07.2025 499 519  
30.07-06.08.2025 499 519  
06.08.-13.08.2025 499 519  
13.08-20.08.2025 499 519  
20.08-27.08.2025 479 499  
27.08.-03.09.2025 399 439  
03.09.-10.09.2025 299 329  
10.09.-17.09.2025 219 229 промо
17.09.-24.09.2025 169 179 промо
24.09-01.10.2025 129 149 промо
Цените се дадени за наем на студио 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур.
Дозволено е сместување спрема капацитетот на студио (број на кревети)
освен 1 дете до 7 години во кревет со родител. Клима 5 еур на ден.
Автобуски превоз 60 Еур возрасни Битола.
Доплата за превоз 10 Еур: Струга,Oхрид, Ресен, Скопје, Велес, Дреново, Прилеп.
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст – 10 Евра од редовната цена.
За уплата на 2 или повеќе темини одобруваме 7% попуст. Попустите не може да се комбинираат.
Термините обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст.
Туристичката такса се плаќа на лице место.
 Важат Општите услови за патување на СКТМ.

 Време на поаѓање кон Грција:

01:00 h Скопје (Дрводекор)
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
04:00 h Битола (Главна автобуска станица)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола

 Време на заминување од Грција:
Бус Лефкада-Врахос-Парга
(времињата се по ГР време)

Агиос Никитас 13.00 часот
Нидри 14.00 часот
Никиана 14.30 часот
Врахос 15.30 часот
Амудиа 16.00 часот
Парга 16.30 часот

 



Hotel Facilities

Air Conditioning
Flat Tv
Internet – Wifi
Smoking Room

Hotel Theme

Best value
Early Booking 2025
Лето 2025
Остров Лефкада

Rules

Check In 14:00
Check Out 09:00

Rooms

avg 0 /night

Owner

Aries Travel

Member Since 2019