40.40005, 23.88018
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите и многу познати плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн…
Куќа “Zeyia” се наоѓа на одлична локација на само 30-40 метри од прекрасната песочна плажа, во многу мирна уличка и е една од поквалитетните куќи во местото, идеална за патници кои сакаат вистинско уживање. Куќата располага со одлични апартмани и дуплекс апартмани со сопствени тераси, комарници, комплетно опремени кујни, одличен мебел и сопствени тоалети. Користење на клима уред, интернет (wi-fi) и сет пешкири се вклучени во цената. Има уреден двор и достапен паркинг веднаш пред вилата. Туристичката такса се плаќа во агенција и изнесува 2 евра на ден по апартман.
Дуплекс апартман број 1 (1/4) – прв кат, простран дуплекс апартман од 41м². Има поглед на градина од една тераса (од спална) и директен поглед море од друга тераса (од дневна). Дуплекс апартманот има три простории: дневна соба во која има софа на пуштање и еден стандарден кревет, маса со столови, ТВ и клима, целосно посебно одвоена опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран тоалет со туш кабина, а во третата просторија е спална соба со брачен кревет со стандардни димензии. Опремен е со квалитетен мебел.
Апартман број 2 (1/4) – приземје, простран апартман од 40м². Има одвоена спална со брачен кревет и во дневната соба исто брачен кревет со стандардни димензии со одлична кујна со шанк и сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), маса со столови, ТВ и клима. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет со када и сопствена помала тераса со маса и столови која има поглед кон дворот.
Апартман број 3 (1/4) – приземје, простран високо квалитетен апартман од 43м². Има две спални соби со стандардни брачни кревети, од кои едната е физички одвоена со врата а другата спална е преградена, а споена со одлична кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран реновиран тоалет со туш кабина, како и голема дневна соба, веднаш на влезот во апартманот. Опремен е со квалитетен мебел. Има пространа тераса со маси и столови со поглед кон дворот.
1.Вонсезонски цени
Термин | Ноќевања | 1/4 апартман бр. 2 |
1/4 дуплекс апартман бр. 1 |
1/4 апартман бр. 3 |
25/05-01/06 | 7 | 79 | 99 | |
01/06-08/06 | 7 | |||
08/06-15/06 | 7 | |||
15/06-22/06 | 7 | 139 | ||
22/06-29/06 | 7 |
* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 4 лица)
2.Сезонски цени
Термин | Ноќевања | 1/4 апартман бр. 2 | 1/4 дуплекс апартман бр. 1 | 1/4 апартман бр. 3 |
29/06-06/07 | 7 | 719 | ||
06/07-13/07 | 7 | 799 | ||
13/07-20/07 | 7 | 849 | ||
20/07-27/07 | 7 | 849 | ||
27/07-03/08 | 7 | 799 | 869 | 879 |
03/08–10/08 | 7 | |||
10/08–17/08 | 7 | 769 | 829 | 849 |
17/08–24/08 | 7 | 769 | 829 | 849 |
24/08-31/08 | 7 | 749 | 799 | 809 |
* цена за наем на апартман
3.Вонсезонски цени
Термин | Ноќевања | 1/4 апартман бр. 2 | 1/4 дуплекс апартман бр. 1 | 1/4 апартман бр. 3 |
31/08-07/09 | 7 | 149 | 159 | 169 |
07/09–14/09 | 7 | 129 | 139 | 149 |
14/09–21/09 | 7 | 99 | 109 | 119 |
21/09–21/09 | 7 | 79 | 89 | 99 |
* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 4 лица)
Напомени и услови:
Превоз:
Check In | 12:00 pm |
---|---|
Check Out | 12:00 pm |