from 0 review
Daily Tour
1 person
___
13.03.2025 Битола-Прилеп-Велес-Скопје-Куманово-Србија-Хрватска-Словенија
Поаѓање во 17:00 часот од Битола (Автобуска станица Транскоп) за Словенија.
Патот води преку Прилеп, Дреново, Велес, Скопје, Куманово, граничен премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно и денско возење со попатни одмори, царински формалности
14.03.2025 Изола-Пиран-Порторож
Пристигнување во Словенија (Изола, блиску до Копер) во пладневните часови. Превземање на собите околу 13:30-14:00 часот. Време за краток одмор. Во договорено време, поаѓање кон дветe најпознати и најпосетени летни дестинации на словенечкото крајбрежје, малите градчиња Пиран и Порторож. (Околу 25-30 мин возење во правец). Разглед на двете места, слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
15.03.2025 Факултативна целодневна посета на Трст (Италија)
Појадок. По појадокот во договорено време поѓање кон Трст (Италија). Пристигнување во Трст. Целодневната посета на Трст, ја започнуваме со разглед на градот со локален водич, (околу 2 часа). По завршување на разгледот слободно време за индивидуални активности во центарот на градот. Во договорено време, се упатуваме кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village, каде што ќе најдете продавници како Adidas, Calvin Klein, Calzedonia – Intimissimi, Desigual, Gap, Guess, Kappa, Kiko, Levi’s, Marc O’Polo, Nike Factory Store, Puma, Tommy Hilfiger, United Colors of Benetton и уште многу други брендови. Во договорено време поаѓање кон хотелот. Вечера. Ноќевање.
16.03.2025 Изола-Копер-ден за навивање
Појадок. Во договорено време (околу 10 часот), поаѓање кон Копер.
Прошетка низ центарот на Копер. Слободно време за индивидуални активности.
Во договорено време поаѓање кон спортскиот комплекс Arena Bonifika и следење на ракометниот натпревар Словенија-Македонија со почеток од 18:30 часот.
По завршување на натпреварот, поаѓање кон Македонија (околу 20:30 часот).
Ноќно возење со попатни паузи и царински и гранични формалности.
17.03.2025 Македонија
Планирано пристигнување во попладневите часови. Крај на програмата.
Цена на аранжманот: 299 евра (18 538 денари) по ЛИЦЕ во
двокреветна соба.
За дете до 12 години попуст од 30 евра од цената за возрасен.
За трет возрасен во соба попуст од 30 евра од редовната цена.
За еднокреветна соба, доплата од 60 евра.
Во цената Е вклучено:
Превоз со високо-туристички автобус
2 ноќевања со појадок и вечера во хотел 3* во Изола
Посета на Пиран и Порторож
Влезница за натпреварот Словенија-Македонија
Придружник од агенција за време на патувањето
Во цената НЕ Е вклучено:
Факултативен излет до Трст (Италија) со локален водич + посета на шопинг центар 20 Є
Патничко осигурување
Личен трошок на патникот