from 0 review
Daily Tour
1 person
___
1 ДЕН (06.03.’25 – четврток) : БИТОЛА Состанок на групата на Градската автобуска станица во 07.00 часот. Поаѓање за Италија во 07.30 часот…патот преку води преку Ниш, Белград, Загреб, Трст, Венеција…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.
2 ДЕН (07.03.’25 – петок) : БРЕША – МИЛАНО Пристигнување во околината на Бреша во утринските часови. Посета на трговскиот центар FRANCIACORTA, можност за шопинг. Поаѓање за Милано…по пристигнувањето – панорамски разглед на градот со стручен водич…тврдината Sforcesco, piazza Duomo – централниот плоштад каде се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот DUOMO, катедрала која ја опкружуваат 3400 статуи со фасцинантен изглед, Via Vittorio Emanuelle – најважната шопинг улица и центарот на вечерните збиднувања, црквата Santa Maria Della Grazia (местото каде се наоѓа ремек-делото на Да Винчи „Тајната Вечера“, LA SCALA – зградата на Миланската Опера, една од најпознатите оперски куќи во Светот… Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта – по желба, ноќна прошетка низ центарот на градот…Ноќевање.
3 ДЕН (08.03.’25 – сабота) : МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на градот, или можност за факултативен излет до Швајцарија. Посета на бајковитиот град Лугано, кој се наоѓа на истоименото езеро. Обиколка на главниот градски плоштад Della Riforma, црквата San Roco, Santa Maria Degli Angeli како и паркот на вилата Ciani. Слободно време за прошетка низ градот, или покрај езерото Лугано. Посета на Комо…посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата, Бролето, зидините кои го обиколуваат скоро целиот град…факултативно крстарење со брод по езерото, можност да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Бекам, Мадона, Макартни…Враќање во хотелот во попладневните часови. Слободно време. Ноќевање.
4 ДЕН (09.03.’25 – недела) : МИЛАНО – ВЕРОНА – БИТОЛА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Поаѓање за Верона. Пристигнување во Верона во раните попладневни часови…прошетка низ Стариот Град…плоштадите Бра и Ербе, Арената, куќата на Јулија…поаѓање за Македонија во касните попладневни часови. Патот води преку Трст, Загреб, Белград…ноќно и денско патување со кратки попатни паузи.
5 ДЕН (10.03.’25 – понеделник) : БИТОЛА Пристигнување во Битола во попладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 10.230,00 денари (165 € – со задолжителна уплата на пакет факултатива од 70 € по лице); 11.470,00 денари (185 € – редовна цена)
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 50 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
– Автобуски превоз на горенаведената релација;
– 2 Н/П во хотел со 3*;
– посета на Верона;
– посета на ТЦ FRANCIACORTA;
– организација, водство и реализација на аранжманот;
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
– Факултативните излети и посети;
– влезниците при посета на културно-историските споменици;
– патничкото осигурување (350,00 ден.-по лице).
ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА :
– Разглед на Милано со стручен водич – 20 € по лице;
– Посета на Лугано и Комо – 30 € по лице;
– крстарење со брод по езерото Комо – 25 € по лице;
– ПАКЕТ за ЦЕЛА факултатива : 70 € по лице;
– Туристичка такса – 4 € по лице на ден (задолжително)
НАПОМЕНА :
За изведување на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници. Организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.