from 0 review
4 дена/3 ноќевања/ 2 екскурзии
Specific Tour
25 people
___
8ми Март во Венеција
Лидо ди Јесоло-Венеција-Бурано-Мурано
(08.03.2025 – 11.03.2025)
Таа е романтична, волшебна и сјајна…
Колку е величествена говори изреката на Францускиот крал Henri III:
Да не сум крал на Франција, би бил граѓанин на Венеција!
Венеција – Господарка на Јадранот… чудесен град на вода со повеќе од 400 канали и исто толку мостви, со векови е еден од најчудесните градови што некогаш човекот ги создал…Венеција е колаж од раскошни палати на каналот Гранде, таинствени улички, канали, мостови, гондоли, повеќе од 100 фасцинантни цркви, симпатични плоштади и колоритни фасади… Најуникатен град на планетата Земја… во минатото најмоќна светска поморска и трговска сила… денес го живее истиот сјај од врвот на својата слава во 15 от век. Венеција не може никој да Ви ја прераскаже… едноставно морате да ја доживеете нејзината убавина.
1 ден 08.03.2025 (петок) Состанок на групата во Битола на Спортска сала во 16:00 часот ( патници со трансфер), а состанок на аеродром Скопје во 16,30 часот. Лет за Венеција во 21,20 и пристигнување на аеродром Марко Поло во 23,00 часот. Организиран трансфер до хотел во Лидо ди Јесоло, туристичко место во Венецијанскиот залив кое има 15 километри долга песочна плажа, многу хотели и повеќе од десет плоштади. Сместување во хотел Da Bepi 3* https://www.hotel-dabepi.com/ . Слободно време за одмор и за индивидуални активност. Ноќевање 1.
2 ден 09.03.2025 (сабота) Организирана екскурзија со локален водич (факултативно 50 еур) кон венецијанската лагуна и двата острови Бурано и Мурано. Организирано со јавен превоз до Пунта Сабионе и качување на брод. Приказната започнува од шарениот остров Бурано, надалеку познат по производството на тантела со игли. Кога Леонардо да Винчи го посетил овој остров во 1481 година, од таму купил ткаенина за главниот олтар на Миланската катедрала Duomo di Milano, па оттогаш се почнало со масовно производство кое било извезувано низ цела Европа. Денес само мал број жени ја изработуваат тантелата на традиционален начин и затоа е многу скапа. Шарениот остров е познат и по различната боја на куќите, традиција која започнала во далечното минато. Имено, кога рибарите се враќале дома, поради густата магла не можеле да ги препознаат своите домови па оттогаш нивните жени започнале да ги бојат куќите во различни јаки бои за да не залутаат нивните мажи. Денес овие куќи се под заштита на УНЕСКО и доколку некој сака да ја промени фасадата на својот дом, мора да испрати барање до Владата која ќе одговори со известување за одредени бои дозволени за таа парцела. Оттаму продолжуваме кон Мурано (стаклениот остров) каде се произведуваат најубавите лустери, преубавите сувенири, накит, чаши,чинии… Во 1921 година заради спречување на можноста од избувнување на пожари донесена е одлука целото производство на стакло да се пресели од Венеција на овој остров, па така се до 18. век Мурано држел монопол во производството на стакло. Стакларите биле најценетите граѓани на островот-носеле меч, имале имунитет од казни, можеле да се женат со ќерките од најдобрите семејства во Венеција… За возврат на сето тоа тие имале забрана да го напуштаат островот бидејќи на тој начин се настојувало да се сочува тајната на производството на стакло. Слободно време за уживање во раскошната убавина на островот. Во договореното време враќање кон Лидо ди Јесоло. Ноќевање 2
3 ден 10.03.2025 (недела ) Појадок. Факултативно заминување на групата кон пристаништето Пунто Сабионе (јавен превоз), а потоа со брод на целодневен излет со локален водич во Венеција, единствениот град на вода кој лежи на дрвена конструкција. Го нарекуваат уште и невестата на морето и кралица на Јадранот. Срцето на градот кој наместо улици има канали, а наместо автомобили гондоли е изграден на Плоштадот Свети Марко на 50 метри над водата на темелите на дрвени греди. Легендата вели дека додека шетал низ островите, на евангелистот Марко му се јавил божји глас кој му рекол дека на тоа место ќе се изгради убав и необичен град кој тој ќе го земе под своја заштита. Наводно, така и се случило… Организиран разглед на градот низ кој се простира Црквата Свети Марко, Дуждевата Палата, каналите и мостовите кои минуваат низ целиот град од кои најпознатиот е Мостот на воздишките. Слободно време за индивидуални прошетки, уживање во вкусот на најубавото италијанско кафе, можност за возење со елегантните гондоли, шопинг низ тесните улички кои се преплавени со обележјето на градот-венецијанските маски. Слободно време за прошетка, разглед и ручек во некој од многубројните ресторани. Во доцните попладневни часови ја напуштаме Венеција со брод и се враќаме назад во Лидо Ди Јесоло. Ноќевање 3.
4 ден 11.03.2025 (понеделник) Појадок. Слободен ден за одмор и релаксација. Одјавување од хотелот во 12 часот. Слободно време за индивидулани активности, прошетка по прекрасната морска риввиера или посета на некој од шопинг центрите во близина. Заминување на групата кон аеродром Марко Поло во 19 часот. Лет за Скопје во 23,30 часот и пристигнување во Скопје во 01:15 часот. Органзиран трансфер до Битола.
Цена на аранжманот: 359 Еур/22,258,00 денари
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
– Авионски превоз Скопје- Венеција со рачен багаж (30x40x20cm 10kg)
– Организирани трансфери во Венеција: аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел Da Bepi 3* во Лидо ди Јесоло на база три ноќевања со појадок https://www.hotel-dabepi.com/
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
– Организирана екскурзија за Венеција 50 еур ( трансфер, брод, водич, влез во Венеција, аудио систем)
– Организиран ескурзија венецијанска лагуна и островите Мурано, Бурано, Торчело 50 еур (трансфер, брод, водич)
-Туристичка такса…2 евра по лице од вечер (се плаќа во хотел)
– Влезници за музеји и туристички атракции
-Доплата за еднокреветна соба – 60 евра
– Повратен трансфер Битола-аеродром Скопје 15 еур
– Патничко осигурување
НАПОМЕНИ:
* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
* За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
* Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
* комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
* Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција
Општи напомени за патување:
*Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
* За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
* Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.