from 0 review
Daily Tour
1 person
___
Андалузија е најголемиот шпански регион со преубави градови и живописни села. Со околу осум милиони жители, таа е поголема од половина европски држави. Најјужниот регион на Шпанија, каде се сретнуваат Средоземното Море и Атлантскиот Океан е местото каде историјата оставила длабоки траги.
Андалузија е лулка на коридата, фламенкото, гитарата… Сонце, страст, звуци на фламенко и впечатливи бои, тоа е Андалузија, регион во кој се допираат истокот и западот во егзотична мешавина од традиционалните: шпанска, еврејска и арапска култура. Освен по убавината и културната разновидност, позната е и по шпанскиот заводник Дон Жуан и уметниците Диего Веласкез и Пабло Пикасо, чии најважни дела се наоѓаат во музејот во неговиот роден град Малага.
Покрај песочните плажи и планинските ресорти, тука е и модерната Андалузија со градови полни со отмени бутици, барови, ресторани и бурен ноќен живот. Андалузиските забави се познати како најгласни и “најколоритни”.
АНДАЛУЗИЈА
Бисерите на Шпанија
Авион/ 8 дена/ 7 ноќевања
17. Април (Четврток) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – МАЛАГА – МАРБЕЛЈА
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 11:20 часот. Полетување за Малага во 13:15 и пристигнување во 17:00 часот. Трансфер до хотелот во Марбелја и сместување. Прошетка по монденското летувалиште во Марбелја, опколено со Маварски ѕидини и Плоштадот на портокалите, околу кој се наоѓаат итнересни средновековни градби. Ноќевање.
18. Април (Петок) МАРБЕЛЈА – МАЛАГА
Појадок. Препорачуваме посета на најголемиот јужен европски град Малага, наречен уште и „Престолнина на Коста дел Сол“ и родното место на прочуениот шпански сликар Пабло Пикасо. Овој шпански приморски град, сместен на брегот на Медитеранот, полн е со траги од богатата историја, а изобилува и со пулсирачки модернизам. Освен по широките Авении со палми и паркови со тропски растенија, градот е препознатлив и по мавританската тврдина Гибралфаро и палатата Алкасаба, за која се вели дека била еднаква на Алхамбра, но била запоставена низ вековите… Прошетка до Римскиот театар, стариот градски кварт и Катедралата… Слободно време за шетање и уживање покрај море. Враќање во хотелот во Марбелја во вечерните чаови. Ноќевање.
19. Април (Сабота) МАРБЕЛЈА – РОНДА – СЕВИЛЈА
Појадок. Препорачуваме посета на симпатичното место Ронда, гордо распространета на 750 метри надморска височина, а, нејзиниот пејсаж може да се опише како воодушевувачко чудо на природата. Градот е сместен на две високи карпи поврзани со Мостот Puente Nuevo, како главна атракција. Позната е и како колевка на коридата, тука се наоѓа една од најстарите и најубави кружни арени во Шпанија, од 1.785 година… Патувањето продолжува за Севилја. Пристигнување во најинтересниот и најраскошниот град во Андалузија и сместување во хотелот. Ноќевање.
20. Април (Недела) СЕВИЛЈА
Појадок. Прошетка до еден од главните и најфотографираните симболи на Севиља, Шпанскиот плоштад, со полукружната зграда околу која погледот го разубавуваат неколку мостови и фонтани. Прошетка продолжува до квартот Санта Круз со вкусување на шпанскиот “тапас” и до реката Гвадалкивир со Златната Кула, од каде во 16 век испловувале Магелан и Кортес… Ноќевање.
21. Април (Понеделник) СЕВИЛЈА
Појадок. Разглед на “престолнината” на Андалузија, Алказар, некогашна маварска владетелска палата, величествената Катедрала со повеќе олтари, со дела од познатите шпански сликари Франциско Зурбаран и Гоја и високата кула Гиралда со маварска декорација… Во вечерните часови, факултативна посета на шоу програма со фламенко танц, настанат во “темпераментната” Андалузија. Ноќевање.
22. Април (Вторник) СЕВИЛЈА – КОРДОБА – ГРАНАДА
Појадок. Тргнување за Кордоба, “осамениот град во срцето на Андалузија”, на брегот на реката Гвадалкивир. Разглед на градот опеан во стиховите на Лорка, град кој ги зачувал своите архитектонски бисери како што се: Стариот мост, Еврејскиот кварт и Џамијата Мескита, симбол на градот и чудо на архитектурата, дел од богатството заштитено од УНЕСКО. Патувањето продолжува за Гранада. Пристигнување во вечерните часови и сместување во хотелот. Ноќевање.
23. Април (Среда) ГРАНАДА
Појадок. Разглед на сликовитата Гранада, град на кралскиот пар Изабела од Кастилија и Фернандо од Арагон. Посета на величествената Алхамбра, чие име на арапски значи „Црвена тврдина“. Тоа е една од најголемите туристички привлечности на Пиринејскиот Полуостров, комплексот од исламски и христијански објекти, заедно со прекрасните градини претставувал инспирација за многу поети. Од 1984 година се наоѓа на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Ноќевање.
24. Април (Четврток) ГРАНАДА – МАЛАГА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран превоз до Аеродромот во Малага. Полетување за Истанбул во 12:00 часот. Пристигнување во Истанбул во 17:25 и полетување за Скопје во 18:55. Слетување во Скопје во 19:30 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1199 евра (74.350 денари)
Цената вклучува:
– Авионски превоз на релацијата Скопје–Истанбул-Малага–Истанбул–Скопје со вклучени Аеродромски такси
– Багаж за чекирање до 20 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
– Трансфери со автобус на наведените релации според програмата
– Седум ноќевања со појадок во Хотели 3/4* (Две во Марбелја, Три во Севилја и Две во Гранада)
Hotel Baviera 3* во центарот на Марбелја
https://www.hotelbaviera.es/en/
IBIS STYLES Sevilla City Santa Justa 3* во поширокит центар на Севилја
https://all.accor.com/hotel/B7H3/index.en.shtml
Hotel Macià Real de La Alhambra 4* во Гранада
https://www.maciahoteles.com/en/maciarealalhambra/
– Разгледи и прошетки во градовите според програмата
– Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
Цената не вклучува:
– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (метро)
– Посета на Малага 50 евра
– Посета на Ронда 25 евра
– Патничко-здравствено осигурување
НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари