from 0
Book Now

Предлог 1 Атина -Пелопонез-Сунион

Not Rated
Duration

3 дена/2 ноќи/3 екскурзии

Tour Type

Specific Tour

Group Size

1 person

Languages

___

Overview

***Предлог 1 ***

(Атина-Пелопонез-Сунион)

Атина често пати се нарекува колевка на западната цивилизација. Таа е еден од најстарите светски градови чија историја бележи преку 3400 години. Се семета за зачеток на демократијата. Атина е центар на економскиот, политичкиот и културен живот во Грција, родно место е на Сократ, Перикле, Софокле и други значајни филозофи, писатели и политичари. Таа е еден од главните светски центри за архиолошки истражувања. Ова популарно туристичко место има дури 148 театри!

Програма на патувањето:

 (петок) Македонија-Атина Состанок групата на Спортска сала Битола во 20,30 часот.Поаѓање во 21:00 часот. Ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.

 (сабота) Атина разглед  Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омонија, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…  Посета на Акропол (доплата за влезница 20 Еур) -Пропилеј, Партенон, Ерџтејон . Заминување и  сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта можност за ноќна прошетка низ Атина и посета на ноќен клуб, или релаксирана вечера во хотелот.  Ноќевање1.

(недела) Атина-Коринт-Пелопонез  Појадок. Целодневна екскурзија на Арголида (факултативно 40 Еур): Коринтски канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус  – најакустичниот антички амфитеатар (влезница 6 еур), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена -древниот град на митскиот крал Агамемнон (влезница 12 Еур). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница – продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика.Враќање во хотелот. Можност за организирано заедничко дружење. Ноќевање 2

(понеделник) Атина-Сунион- Македонија Појадок.Слободно  претпладне со мoжност за прошетка и уживање во прекрасната Глифада или  Атина, како и можност за Факултативна екскурзија  покрај Аполоновиот брег на Атика: летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и  рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат над самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Враќање во Глифада. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови. Организирани трансфери до градови. Крај на аранжманот.

Цена на аранжманот: по договор

Во цената се вклучени следниве услуги:
-Превоз со високо туристички автобус
-2 ноќевања со појадок во хотел 4* во Глифада https://www.londonhotelathens.com/
-Организиран разглед на градот со локален водич
-Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:
-Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег
-Екскурзија  на Арголида – Пелопонез
-Туристичка такса 1,5€ по соба од ден, напалата на рецепција во хотел

Цени за влезници:
-Влезници за посета на локалитетите со водич: Акропол (20 еур); Микена (20 Еур);  Епидаурус (20 Еур) Аполоновиот храм на Сунион (10 Еур)
-Патничко и здравствено осигурување 150 мкд

  • Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје, Велес, Прилеп, Охрид и Кавадарци 10 Еур/лице
  • НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Важат Општите услови за патување на СКТМ и ТА Ариес.

 

 

Itinerary

Tour's Location

from 0

You might also like