from 0
Book Now

1ви мај во БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА (01-04 мај’25)

Not Rated
Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

1 person

Languages

___

Overview

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

 

1. Ден 01.05.2025 Состанок на групата во 18.00 часот и заминување за Босна преку г.п Табановце. Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности.

2. Ден 02.05.2025 ВИШЕГРАД – САРАЕВО
Пристигнување во Вишеград во пладневните часови. Можност за факултативно крстарење по Дрина – од мостот на Дрина до Камен град. По посетата на Вишеград и Андриќ град заминување за Сараево. Пристигнување во Сараево во утринските часови и средба со локален водич – разглед на градот пешачка тура – Вјечница, Сибиљ, Башчаршија. Потоа се упатуваме кон хотелот. Време за индивидуални активности. Ноќевање.

3. Ден 03.05.2025 ВИСОКО – ТРАВНИК – ЈАЈЦЕ
Доручек. По доручекот ФАКУЛТАТИВЕН ЦЕЛОДНЕВЕН РАЗГЛЕД на Травник и Јајце. Травник Травник — град и општина во Босна и Херцеговина, 90 километри западно од Сараево. Травник е главен град на Среднобосански кантон, и се наоѓа во Општина Травник. Својата култура градот ја засновува врз основа на времето кога градот бил седиште на локалната самоуправа во Отоманското Царство. Бројни џамии и цркви постојат во регионот, како и гробници на важни историски личности и кои претставуваат одлични примери на Отоманската архитектура. Музејот на градот, изграден во 1950 година, е еден од повеќето импресивни културни институции во регионот. Травник станал познат од страна на важни личности кои се родени или живееле во градот. Најважните од нив се Иво Андриќ (писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 1961 година), Мирослав Чиро Блажевиќ (фудбалски тренер), Јосип Пејаковиќ (актер), Сеид Мемиќ (поп-пејач) и Давор Џалто (уметник и историчар на уметноста). Потоа се упатуваме кон Јајце -мал град во Босна и Херцеговина, централен не само географски туку и културолошки. Низ долгата историја на Босна, Јајце бил дом на средновековните кралеви, отомански гувернери и низа различни етнички групи, како и едно од најраните комунистички упоришта на претседателот Тито. Jaјце е и единствениот град кој има водопад во центарот. Враќање во Сараево. Ноќевање.

4. Ден 04.05.2025 МОСТАР – ТРЕБИЊЕ – МАКЕДОНИЈА
Доручек. По доручекот заминување за Коњец – можност за посета на Титовиот Бункер, потоа попатна посета на Јабланица. Пристигнување во Мостар во пладневните часови и разглед на стариот дел – Стариот мост, чаршијата. Потоа заминување за Македонија со попатна посета на Требиње.

Промо цена: 119 евра ( за пријава и аванс 1000 мкд. до 31.03.2025)
Редовна цена: 149 евра

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

Превоз на дадената релација
2 ноќевање со доручек во хотели со 3 или 4 ****
Организација и водство на групата
Посета на Мостар и Требиње
Лиценциран придружник за време на целото патување
Локален водич во Сараево

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
– Туристичка такса 4 евра за 2 дена
– Влезници за Титовиот бункер 25 евра (задолжителна најава во агенција)
– Факултативна посета на Травник и Јајце ( Превоз + локален водич + влезници ), Босански пирамиди = 70 евра
– Крстарење по Дрина 9 евра

НАПОМЕНИ
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

За деца од 7 – 12 години се плаќа 70% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 7 – 12 години, за детето се плаќа 90% од редовната сума на аранжмано
За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
Доплата за еднокреветна соба = 40 евра
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

Itinerary

Tour's Location

from 0

You might also like