from 0
Book Now

Нова Година во Будимпешта- авионска тура- (29/12/2024-01/01/2025)

Not Rated
Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

1 person

Languages

___

Overview

Убавицата на ДунавБУДИМПЕШТА

 

Авион  / 4 дена / 3 ноќевања

Градот од двете страни на величествениот Дунав, град со богато архитектонско и историско наследство, нуди неспоредлива комбинација на култура, одлична кујна и термални бањи …Од едната страна  Будим, со термалните бањи од отоманската ера во подножјето на спектакуларниот рид Гелерт, кралската палата и црквата Матијас, зрачи со мир. Од другата страна Пешта, живописна, богата со музеи, културни и историски богатства, извонредна архитектура како што е зграда на парламентот,  една од највеличествените во светот, базиликата Свети Стефан, опкружена со пешачки улици и целосно реновираниот Еврејски Кварт…

 

29 декември (недела)                                СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок  на група на аеродромот во Скопје во 04.40 часот. Полетување за Будимпешта со лет на Визер во 06.40 и слетување во 08.05 часот. Организиран трансфер од аеродром. Панорамско разгледување на градот, од споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, преку мостовите на Дунав, кои ги спојуваат Будим и Пешта, на Цитаделата – Кралската палата, Црквата Св. Матејас, и на крај Рибарската тврдина…. Сместување во хотел. Вечерта, факултативно – крстарење со брод  под прекрасните мостови на Дунав, за да ја запознаете Будимпешта и навечер. Факултативно, вечера во традиционален унгарски ресторан –  чарда  со богата музичка и фолклорна програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.

 

30 декември (понеделник)                     БУДИМПЕШТА

Појадок. Препорачуваме посета на  Зоолошката градина во Будимпешта – отворена пред повеќе од 150 години, поседува една од најбогатите збирки во Европа, со над 1000 видови животни, меѓу кои и ретки видови, како и широк спектар на флора… во туристичкиот водич на Будимпешта, препорачана за посета.

Посета на бањата Szechenyi во Будимпешта, една од најдобрите и најголеми спа бањи во Европа која со своите 15 внатрешни  и 3 големи надворешни базени, сауни, парни соби, па дури и спа стаклена градина на покривот е една од најголемите традиционални затворени спа одморалишта  во Европа. Вечерта, слободна програма, препорачуваме да се вкусат славните креации на Унгарската кујна. Ноќевање.

 

31 декемврии (вторник)                            БУДИМПЕШТА

Појадок. Слободно време за шопинг по познатата улица Ваци, прошетка низ центарот на градот, да се почувствува новогодишна атмосфера каде магичните сијалички и штандовите со топли пијалаци се едни од најубавите во Европа. Можност за уживање слушајќи празнична музика и дегустација на традиционални унгарски јадења: солен или благ Lángos, гулаш, унгарска штрудла… Или препорачуваме, посета на шопинг центар Campona, aквариум и тропикариум во Будимпешта – отворен во 1999 година, на површина од 3000 метри квадратни, организиран во 8 простории каде се сместени стотици видови на водни животни, егзотични птици… замислете си тунел долг 12 метри, каде што ајкулите пливаат околу Вас. Дочек на Новата 2025 година на некој од плоштадите или прослава на брод. Ноќевање.

 

01 јануари (среда)                                         БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА – СКОПЈЕ

Појадок. Трансфер од хотел до аеродром со попатна посета на Сент Андреа. Сент Андреа – мало живописно гратче во непосредна билизина на Будимпешта, кое ќе ве освои со старата архитектура, калдрместите улички, ресторани и слаткарници каде e задолжително да се пробаат слатки со марципан. Полетување за Скопје во 19.10 и слетување во 20.35 часот.

 

Цена за уплати до 10.11:                499 евра (30.940 мкд)

Цена на аранжманот:                                  569 евра  (37.280 мкд )

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Скопје-Будимпешта-Скопје

Аеродромски такси

Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

Сместување во хотел Benczur 3* во центарот на Будимпешта на база 3 ноќевања со појадок

Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

Организиран панорамски разглед на Будимпешта

Посета на Сент Андреа

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Туристичка такса 400 мкд (се плаќа во Агенција)

-Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг  / чекиран багаж – куфер до 20кг

*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање)

-Крстарење со брод по Дунав 20 евра

-Вечера во чарда

-Целодневна влезница за  бањата Szechenyi (може да се користат сите базени, сауни и парни купатила) 40евра

(задолжително пријавување во Агенција при резервација)

-Новогодишна прослава на брод

-Патничко-здравствено осигурување

-Доплата за еднокреветна соба

 

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Ариес Агенција.

Itinerary

Tour's Location

from 0

You might also like