from 0 review
Daily Tour
1 person
___
ВРЊАЧКА БАЊА
14.11.2023 (Четврток) ОХРИД – ВРЊАЧКА БАЊА
Состанок на групата на бензиска пумпа Лукоил во 03.30 часот. Поаѓање за Србија во 04.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотел. Кратко време за одмор и освежување од патувањето и заминување на информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… По разгледот враќање во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.
15.11.2023 (Петок) ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки низ Врњачка Бања. Време предвидено за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.
16.11.2023 (Сабота) ВРЊАЧКА БАЊА – ЉУБОШТИЊА – ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Moжност за факултативна посета на манастирот Љубоштиња. Изграден во крајот на XIV век и почетокот на XV век. Одалечен е од Врњачка Бања околу 16 километри, така што претставува одлична атракција за посета во овој дел. Интересно за овој Манастир е тоа што тука се наоѓаат моштите на кнегиња Милица, како и тука е погребана и српската средновековна поетеса Јефимија, воедно и монахиња. Овој Манастир е прв женски Манастир во Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената. Ноќевање.
17.11.2023 (Недела) ВРЊАЧКА БАЊА – ОХРИД
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Поаѓање за Охрид во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Охрид во вечерните часови.
Цена на аранжманот – 195 €
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел со 4* во центарот на Врњачка Бања
– Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања
– Исхрана на база 3 ноќевања со поjaдок
– Секојдневно користење на Велнес и Спа центар
– Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби;
– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко и здравствено осигурвање;
– Доплата за туристичка такса 5 €, вкупно за 3 ноќи ( во агенција)
– Факултативна посета на манастирот Љубоштиња 5 € (доплата на лице место)
– Свечена вечера 30 € (доплата на лице место)