from 0 review
Daily Tour
1 person
___
ПРВ ДЕН (17.04.2025)
Состанок на група во 18:00 часот, поаѓање во 18:30 од Битола спортска сала. Патувањето ќе биде преку граничен премин Табановце. Попатно собирање на патници од Прилеп, Росоман, Велес, Скопје и Куманово (доколку има пријавени патници). Ноќно возење низ Србија со попатни паузи и царински формалности.
ВТОР ДЕН (18.04.2025)
По влегувањето во Босна на околу 20 км пристигнуваме во Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Исто така ќе го посетиме и Андричград – градчето е изградено по концепт на Емир Костурица од камен и тесни улички низ кои се наоѓаат педесетина објекти кое културен центар кој се наоѓа во Вишеград на самото устие на реките Дрина и Рзав. Официјално бил отворен во 2012 година.
По разгледот продолжуваме према САРАЕВО каде прво со локалниот водич се прави прошетка низ центарот на градот, Себиљ, Башчаршија, Народниот театар, Мостовите на Миљацка, плоштадот Маршал Тито Катедралата на светото срце Исусово, црквата Рожденство на Пресвета Богородица итн….
По разгледот се сместуваме во хотел и следува слободно време. Хотелот се наоѓа на одлична локација на само неколку минути до центарот, исто располага со внатрешен базен и спа а наоколу се наоѓаат и трговски центри каде може да го поминете вашето слободно време. Ноќевање.
TРЕТ ДЕН (19.04.2025)
Денот започнува со појадок. Планирано поаѓање за Мостар во 08 часот.
Првото место за посета е Јабланица, која не пречекува со приказната за „Неретва“. Групата ќе има можност да го посети местото каде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Екскурзијата продолжува кон Мостар се прави пешачка тура према стариот мост, каде што можете да направите фантастични фотографии. Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Овде групата има слободно време околу 2 часа за прошетка или ручек. По прошетките собир на групата и поаѓање со автобус кон Водопадите КРАВИЦЕ – место кое ќе ви го одземе здивот. Се наоѓаат на околу 40 км јужно од Мостар. Водопадите се бисер на Босна и Херцеговина и најпопуларна природна атракција во јужниот дел од земјата. Нејзините води произлеегуваат од реката Требижат. Неговата висина е околу 25 метри со ширина од 120 метри. Слободно време за кафе, фотографирање и уживање во прекрасната вегетација. По посетата на ова прекрасно место одиме кон местото каде што се мешат убавината на природата, архитектурата и историјата oддалечено 12 км од Мостар, ВРЕЛО БУНА, извор на реката Буна. Изворот на реката Буна е пример за карстна река и е eден од најголемите и поубавите извори ширум Европа. Водата тече низ пештера која е дел од карпа висока 200 метри a Буна е лева притока на реката Неретва. Место е фантастично, богато со ресторани и кафетерии покрај реката, а доколку барате мир дефинитивно овде ќе го најдете. Групата има слободно време за прошетка, фотографии и останати активности. По завршување на разгледот се упатуваме према Сараево. Ноќевање.
ЧЕТВРТ ДЕН (20.04.2025)
По појадокот. Одјавување од хотелот. Со патниците кои доаѓаат на факултатива се упатуваме кон Босанските пирамиди.
Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот, особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османагич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација.
По завршување на разгледот на Босански пирамиди продолжуваме према Врело Босне едно од најпознатите обележја на Босна и Херцеговина, кое се наоѓа на периферијата на Сараево покрај Илиџа во подножјето на планината Игман на површина од 603 хектари. Врело Босне е јавен парк и заштитен споменик на природата. Следува слободно време за кафенце покрај изворите на реката Босна.
По посетата се упатуваме кон Македонија со што патниците кои не доаѓаа на факултативата ќе бидат информирани од водичот за место и време на поаѓање од Сараево. Откако ќе се собере цела група продолжуваме према Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
Цена: 129 еу или 7,998 денари
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВА МОСТАР (со локален водич) – ЈАБЛАНИЦА – ВРЕЛО БУНА – ВОДОПАДИ КРАВИЦА (со вклучена влезница) – 80 ЕУ
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВА БОСАНСКИ ПИРАМИДИ И ВРЕЛО БОСНЕ – 35 ЕУ
КРСТАРЕЊЕ ПО ДРИНА – 10 ЕУ
НАПОМЕНА!!!
* За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. За реализација на факултативите потребен е минимум број од 20 пријавени.
* Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата доколку предвиди дека е потребно.
* Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
* Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
* Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
* Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
* Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
* Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
* Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во апартманската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
* Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
* Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.