Print Friendly, PDF & Email

Стопанство и култура во Канада

Стопанство

Канада е една од најбогатите држави, со висок доход по глава на жител, членка на ОЕЦД и Г-8. Канада е мешовит пазар, пониско рангиран од САД, но повисоко од повеќето западноевропски земји.

Од раните 1990-ти, канадската економија брзо расте со ниска стапка на невработеност и големи државни суфицити на федерално ниво. Денес Канада наликува на САД во пазарно-ориентираниот систем, продуктивност и бизнис. Од октомври 2007, канадската стапка на невработеност е 5,9%, што е најниско ниво во последните 33 години. Покраинските стапки варираат од 3,6% во Алберта, до 14,6% во Њуфаундленд и Лабрадор.

Во 20.век, растот на производството, рударството и услужните дејности ја трансформирале земјата од селска економија во главно индустриска и градска. Како и во други развиени економии, канадската економија е доминирана од услужните дејности, кои вработуваат 3/4 од канаѓаните. Сепак, Канада е специфична меѓу развиените земји бидејќи има развиен примарен сектор со експлоатација на дрво, нафта и земен гас како едни од најважните индустрии. Покрај тоа, Канада произведува и извезува големи количества на електрична енергија од хидропотенцијалот во Квебек, Британска Колумбија, Њуфаундленд, Онтарио и Манитоба.

Канада е еден од најголемите производители на земјоделски производи, со прериите како најважен производител на жито, просо и други зрнести култури.

Канада е најголем производител на цинк, уран, злато, никел, алуминиум и олово во светот. Речиси сите градови во северниот дел на земјата, кајшто не постои земјоделство, се занимаваат со рударство или со шумарство.

Канада има и значаен производен сектор во јужните делови на Онтарио и Квебек за автомобили, воздухоплови, возови и др.

Канада е високо зависна од меѓународната трговија, особено од трговијата со САД. Договорот за слободна трговија со САД и Мексико овозможил драматичен раст на трговијата и економската интеграција со САД. Од 2001. Канада успешно ги избегнува економските кризи и одржува највисоки просечни економски перформанси во Г-8. Од средината на 1990-тите федералните власти одржуваат стабилни буџетски суфицити и редовно ги отплаќаат националните долгови.

Култура и спорт

 

Канадската култура во минатото била под влијание од Британците, Французите и домородните народи и традиции. Покрај тоа, таа е под силно влијание на САД. Американските медиуми и забава се популарни, ако не и доминантни во англофонската Канада, обратно, многу канадски забавувачи и културни производи се популарни во САД.

Создавањето и заштитата на посебната канадска култура е поддржано од програмите на федералната влада, законите и институциите како што е Канадската радио корпорација, Националниот одбор за филм на Канада и Канадската комисија за радио и телевизија.

Канада е географски огромна и етнички разновидна земја. Постојат културни варијации и разлики од една до друга провинција и од еден до друг регион. Многу канаѓани го респектираат мултикултурализмоти ја гледаат канадската култура како инхерентно мултикултурна.

Канадскиот официјален национален спорт е хокејот на мраз и лакрос. Покрај тоа, канадските екипи учествуваат во фудбалската, кошаркарската и бејзбол лигата на САД.

Канада била домаќин на неколку врвни спортски собири: Летните Олимписки Игри во 1976, Зимските Олимписки Игри во 1988, и Светсткото првенство до 20 години во фудбал во 2007. Канада ќе биде домаќин и на зимската олимпијада во 2010 во Ванкувер.

Македонска емиграција

Првиот поголем бран доселеници од Македонија во Канада пристигнал по Илинденското Востание во 1903. Потоа, и во 1947-49. за време на граѓанската војна во Грција и протерувањето на Македонците, во Канада пребегнале огромен број иселеници.

Се проценува дека денес во Канада има околу 150.000 жители со потекло од Македонија.

Македонците се организирани во црковни општини, од кои најголема е Свети Климент Охридски во Торонто.