Мексико се смета за една од најпопуларните туристички дестинации. Испреплетеноста на традиционалниот со модерниот живот овозможува Мексико да нуди многу разновидности – уникатни археолошки локалитети од древни цивилизации и населби на Маите и Ацтеките; мали колонијални градови со зачувана архитектура уште од времето на шпанските освојувачи, но и големи и модерно развиени градови; пустини, тропски прашуми, планини, вулкани, песочни плажи….
Културата на Маите била особено присутна и се развивала на Јукатан – полуостров лоциран на југоисточната страна од Мексико, помеѓу Мексиканскиот Залив на север и Карипското Море на Југ. Во оваа област Маите го достигнале зенитот во својот супериорен степен на развој, по што нивната цивилизација и влијанија ги прошириле се до Централна Америка. Остатоците од нивните номадски населби датираат од 1.500 година п.н.е. и сведочат за маестралните градежни техники, како и за напредните математички и астрономски познавања. Тие развиле структура на пишување користејќи симболи и хиероглифи, преку што успеале да ги овековечат нивните гледишта на работите, светот и животот.
Канкун е град во Мексико кој своевремено од мало село се има развиено во едно од најпрестижните дестинации во тој дел од светот. Се наоѓа на североисточниот дел од полуостровот Јukatan, во сојузната држава Kintana Ro, на 22км долг полуостров опкружен со водите на Карипското Море. Поделен на два дела-елитно туристичка, хотелска зона лоцирана по должина на плажите од полуостровот; и градската зона со модерни булевари, ресторани, продавници, пазари и места каде циркулира животот на локалното население. Канкун е одлично место за љубителите на забавата и ноќниот живот, но има многу пријатни и мирни места за туристите кои преферираат спокоен тропски одмор, особено во околните туристички места како што е Плаја Дел Кармен – прекрасен туристички центар со луксузни хотели распослани низ белите плажи окулу ова племенито градче. Освен по долгите бели песочни плажи и забавата, овој туристички регион е особено атрактивен поради блискоста до значајните локалитети од историјата на Маите, како што се Чичен Ица, Тулум, Ушмал, Коба, итн…
Од апликантот:
– пасош
-формулар (се пополнува во агенција)
-печат од влезот во Србија
– слика (4.5 цм х 3.5 цм) без наочари на бела позадина и лицето да зема 80% од сликата
– Писмо од работодавецот за редовен работен однос и М1М2 (лицето мора да има работено минимум 1 година во компанијата)
– Извештај од трансакциона сметка за последните 3 месеци
– Писмо од апликантот зошто сака да го посети Мексико
– Оригинален извештај од работодавецот за платата за последните 3 месеци
– За самовработени: оригинални документи од фирмата
– Венчаница интернационална
– За деца и лица под 25 години и лица кои се финансиски зависни од апликантот треба ИЗВОД ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН
– потврда за редовен работен однос од брачниот другар
– имотен лист
-потврда за заштедевина
*** Уплата во агенција 48 USD
*** Апликантите мораат лично да ги достават документите во Белград
*** За посредување за виза 50 EUR