Print Friendly, PDF & Email

Следејки најновите трендови во туризмот соодветно на ситуацијата Ви ја преставуваме нашата

стратегија за сезоната која ни престои.

Пандемијата „Ковид-19“ има невидено влијание врз туристичака и хотелска индустрија. Постави нови стандарди во секторот и доведе до побрзи промени од кога било досега. Покрај очигледните негативни ефекти, сепак, се појавија нови можности и трендови. Прегледот  на новите трендови во  туризамот и хотелската индустрија за оваа година дава следни резултати:
Безбедност и хигиена
Хигиената, чистотата и неодложната потреба за поголема безбедност и сигурност се веројатно некои од најважните фактори и трендовите во туристичката индустрија во сезоната која ни престои. Пандемијата ни налага да  чистотата, која е стандардна во секој хотел, како и превозно средство,  се врати во фокусот. Во овие предизвикувачки времиња, хигиената е едноставно дел од безгрижното искуство на Вас, нашите ценети патници. Затоа, сместувачките капацитети  кои ги избираме за вас, ќе направат сè што е во нивна моќ, за да се осигурат дека гостите ќе престојуваат во хигиенски безбедна околина. Нашите избрани дестинации и хотели треба да ги придружуваат своите гости на секој чекор, од резервација до пристигнување, и да им кажат какви мерки презеле за да ја осигурат нивната безбедност.  Станува збор за покажување, кажување, објаснување и илустрација на гостите точно кои чекори се изведуваат од почеток до крај. Воедно ќе се залагаме да при потпишување на договорите, ни потврдат дека најголем дел од персоналот ќе биде тестиран или вакциниран.

Прилагодување преку дигитализација
Тренд што ќе стане поважен од кога било во 2021 година е прилагодување. Сепак, ова не мора да значи во личен разговор или доаѓање во агенција. Ни сме  буквално 24часа на работа и сакаме наште клиенти  да бидат услужени и дигитално и лично.

Во овој контекст, имаме дигитални помагала, како што се социјалните мрежи, нашите онлајн системи, и директориумот за гости и издадени ваучери од минатата година. Индивидуално скроениот пакет услуги, кој е лесен за резервирање и е придружен со слики, обезбедува ваш ентузијазам, задоволство и сигурност во патувањето.

Постапуваме глобално и размислуваме локално
Друг тренд во туристичката индустрија каде внимаваме во 2021 година, е конфликтот помеѓу напредната глобализација и локалните контексти. Како резултат, повеќе луѓе патуваат и поминуваат подолги одмори, затоа што сега можат да си го дозволат тоа. Како  патници,  вие  сте заинтересирани за локални атракции и регионални деликатеси, а најмногу морето. Нашите агенти ќе ве запознаат со околината и ќе ве запознаат со  локални жители и места за посета, а при тоа да не морате да се изложите на опасност од големи собири и гужви.

Нови концепти
И покрај тешкотиите во 2020 година, креативноста и генијалноста на  нашите туристички професионаци и хотелиерите партнери  беше видлива. Покрај класичниот хотел, во последните години на пазарот се развија голем број нови, алтернативни видови сместување. Пансиони, услуги за апартмани, простори за живеење за дигитални номади кои работаат он лајн, при што можеме да се пофалиме дури дека дека во изминатиот период им овозможивме на некои од нив одреден период живеат и работат замислете и во нашата Битола!  Наскоро овие веќе нема да бидат алтернативи, туку дел од стандардните, како и класичните хотели.
Нови преференци
Друг важен тренд на туризмот и угосителсвото  во 2021 година се променетите потреби на вас, нашите патници. Се разбира, патниците исто така сакаат брза и стабилна Wi-Fi конекција, но желбата за дигитални искуства оди дури подалеку од тоа. На крајот на краиштата, многу гости сега претпочитаат дигитално решение за резервирање и пријавување како  и други бесконтактни процеси, како што се нарачување туристички услуги со само едно притискање на копче и без физичко присуство во агенција и можност за групирање.

Се менуваат и посакуваните дестинации за патувања. Во моментов, меѓународните авионски патувања и светските луксузни крстарења не спаѓаат во лисите на желби на туристите. Туристите сега сè повеќе бараат повеќе регионални и национални искуства. Луѓето сакаат да излезат и да доживеат нови работи и во 2021 година, но не во познатите традиционални места каде одат илјадници луѓе, туку во помали , нови, и неистражени дестинации.

Покрај тоа, трендот во туристичкио сектор кон онлајн резервации ќе продолжи. Неизвесноста што во моментов преовладува кај патниците  кога станува збор за патувања, има значително влијание врз патните дестинации и аранжманите за патувања. Патувања во последен момент и услови на флексибилно откажување, исто така, ќе бидат сè попопуларни во 2021 година, при што ние тоа  ќе го испочитуваме максимално, и ќе излеземе во пресрет на секое ваше барање во последен момент.

Затоа ние од Ариес, заедно со нашите долгогодишни и нови партнери, за оваа сезона внимателно ја следиме ситуацијата со пандемијата, и највнимателно ќе одбереме што да ви понудиме за вас, нашите ценети клиенти веќе 20+ години, и каде би можеле да ги остварите вашите желби за патување, а при тоа со можност да ги искористите вашите ваучери од минатата година, а воедно да имате можност да го откажете Вашето патување во последен момент без ПЕНАЛИ.

Нашата традиционална понуда за Грција е веќе во продажба, и вие моежете едноставно да ги обновите вашите резервации за ова лето, а во исчекување на редовно отворање на границите и јасно преставување на условите за патување.

Нашата прекрасна Македонија, исто како и минатата година се покажа дека има што да понуди вистински, и дека иако мала, има сеуште неистражени места кои не сте ги посетиле.

Албанија како летна дестинација,  ќе биде старо-нова дестинација за оваа година,  за каде наскоро, ќе ги објавиме неколкуте одбрани дестинации од 380км долгата албанска ривиера, при што ќе можете да имате пријатен а безбеден престој, далеку од градските гужви и гломазни хотели.

Тука е и неодоливата Турција, која е туристички најпрофесионална, и доколку условите дозволат, загарантирано ќе ви понуди пријатен и безбеден одмор.

Да се надеваме дека сите заедно ќе успееме да изнајдеме право решение за Вас и Вашите најблиски  во новите услови.

Ваш Ариес.