[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 11 Окт 2019 - 14 Окт 2019
Локација: Будимпешта - Унгарија
Цена: 249 Eur
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

11 Октомври во

БУДИМПЕШТА – Убавицата на Дунав

Last year when I was on vacation in Hungary, I got to experience a beautiful sunset over Budapest from the Gellért Hill. Unfortunately I wasn’t really prepared to capture it in a way that made it justice.
This time I was a bit better prepared! I went up there with my family 2 hours before the sunset and it was really a great view again. The only thing that irritated me was that for some reason they had turned on 3 very strong lights down at the Margaret Island, and it looked like they where pointed straight at Gellért Hill 🙂
The panorama is made out of 4 pictures that is stitched together in Photoshop CC. Each photo is blended together from 3 auto-bracketed shots with 1 stop in between.
Hope you enjoy the view!

Авион / 4 дена / 3 ноќевања

Градот од двете страни на величествениот Дунав, град со богато архитектонско и историско наследство, нуди неспоредлива комбинација на култура, одлична кујна и термални бањи …Од едната страна Будим, со термалните бањи од отоманската ера, во подножјето на спектакуларниот рид Гелерт, кралската палата и црквата Матијас, зрачи со мир. Од другата страна Пешта, живописна и жива, богата со музеи, културни и историски богатства, извонредна архитектура, како што е зграда на парламентот, една од највеличествените во светот, базиликата Свети Стефан, опкружена со пешачки улици и целосно реновираниот Еврејски Кварт.

1.ден 11 Октомври (петок) СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок на група на аеродромот Александар Велики во 13.30 часот. Полетување за Будимпешта со лет на Визер во 15,35 часот. Слетување во Будимпешта во 17,00 часот. Трансфер до хотел со попатна посета на Сент Андреа (околу 2 часа со доплата 15 евра). Сент Андреа – малото живописно гратче во непосредна билизина на Будимпешта, ќе ве освои со старата архитектура, шетајќи по калдрместите улички на сите страни винотеки, ресторани и слаткарници каде задолжително е да се пробаат слатки со марципан. Пристигнување во Будимпешта. Сместување во хотел. Слободна вечер. Ноќевање 1.

2.ден 12 Октомври  (сабота) БУДИМПЕШТА

Појадок. Панорамско разгледување на градот: од споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, преку мостовите на Дунав, кои ги спојуваат Будим и Пешта, на Цитаделата – Кралската палата, Црквата Св. Матејас, и на крај Рибарската тврдина….  Слободно попладне. Вечерта, факултативно – крстарење со брод под прекрасните мостови Дунав, за да ја запознаете Будимпешта и навечер.  Ноќевање 2.

3.ден 13 Октомври (недела) БУДИМПЕШТА

Појадок. Факултативна посета на Палатата Годоло – најголемата барокна палата, Унгарскиот Версај и омилената палата на Сиси. Или факултативна посета на Аквариум и Тропикариум во Будимпешта – отворен во 1999 година, на површина од 3000 метри квадтатни, организирано во 8 простории каде се сместени стотици видови на водни животни, егзотични птици… замислете си тунел долг 12 метри каде што ајкулите пливаат околу Вас. Слободно попладне за ручек, време да се вкусат славните креации на Унгарската кујна. Можност за посета на Островот Маргарет – “зеленото срце” на градот, многумина го сметаат за еден од најдобрите градски паркови во Европа, совршено место за прошетки, одмор, уживање… Слободно попладне. Факултативно – вечера во традиционален унгарски ресторан – чарда со богата музичка и фолклорна програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање3.

4 ден 14 Октомври (понделеник) БУДИМПЕШТА СКОПЈЕ

Појадок. Трансфер до аеродром, полетување за Скопје со Визер во 13,25 часот. Слетување во Скопје во 14,50 часот.

 

Цена за уплати до: 01.09.2019

199 евра (12.300 мкд)

Цена на аранжманот:

249 евра (15.440 ммкд)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авиобилет на релација Скопје – Будимпешта – Скопје со Визер
Oct 11 Skopje – Budapest 15:35 – 17:00 (W6 2230)
Oct 14 Budapest – Skopje 13:25 – 14:50 (W6 2229)
– Кабински багаж (1 торба до 8 кг. со димензии 55х40х25см)
– Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
– Сместување во 3 * на база 3 ноќевања со појадок
– Организиран разглед на Будимпешта
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Влезници во музеите и културно – историските споменици
– Доплата за чекиран багаж – куфер до 10kg 1.200 мкд / 20Kg 2.200 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
– Посета на Сент Андреа 15 евра
– Крстарење со брод по Дунав со 15 евра
– Вечера во чарда 35 евра
– Влезница за Аквариом и Тропикариум со водич 15 евра
– Задолжително патничко-здравствено осигурување

 

НАПОМЕНИ:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
– За факултативните излети се изјаснувате во агенцијата при уплата на аранжманот, како би можеле истите навремено да се резервираат и организираат.
– Факултативните излети се уплаќаат во агенција или првиот ден од патувањето, доколку се изјасните за посета, истата не може да се откже на лице место.
– За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ.
– Цената на аражманот е дадена во Евра за плаќање исклучиво во денари, по курс 1€ = 62,00мкд.
– При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

 

Општи напомени:

– Т.А. АРИЕС го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја промени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, музеи, нституции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на програмата, во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето