from €0,00
Check Availability

Комплекс Кораб Трница – с. Трница, Маврово

View on map
Not Rated from 0 review
0/5
100% of guests recommend

Description

Print Friendly, PDF & Email

КОМПЛЕКС КОРАБ ТРНИЦА

С. ТРНИЦА – МАВРОВО

Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар.

Комплексот им нуди на гостите можност за одмор во два објекта за престој, кои се состојат од апартмани и соби  со прекрасен поглед кон падините на Кораб, Шара и Бистра. Исто така, располага со рецепција, лоби  и сопствена продавница за: млечни и месни производи, слатко, мед, шумски плодови, вино, тестенини,  чај и друго. Сите соби располагаат со сопствен тоалет. За авантуристите, во близина на овие објекти постои и посебен простор за кампување и за шатори, кој е опремен со комплетна инфраструктура.

Овој комплекс, освен со сместувачките капацитети, располага и со простории за состаноци и за деловни состаноци.

За гостите комплексот нуди бесплатно користење на велосипедите и риболовна опрема. Располагаме и со сопствени коњи и организираме тури за јавање за почетници.

 

Двокреветна соба

Располагаме со двокреветни соби со брачен кревет и двокреветни соби со два кревети поставени еден до друг.

Апартман

Апартманот се состои од спална соба со брачен кревет и дневна соба со кревет на спуштање за две лица.
Капацитет: 4 возрасни лица

Вип апартман

Вип апартманот се состои од спална соба со брачен кревет, дневна соба со кревет на спуштање, тоалет, ходник и тераса.
Капацитетет: 4 возрасни лица

Соба во планинарска куќа

Располагаме со двокреветни и трокреветни соби од овој тип. Собите се со вграден тоалет.
Двокреветната соба е со брачен кревет.
Трокреветната соба располага со брачен кревет и единечен кревет.

Голем апартман

Големиот апартман се состои од две спални соби со брачен кревет, огромна дневна соба со посебен дел со 4 единечни кревети, софа за дневен престој и терпезариска маса, и тоалет. Идеален за друштва или поголеми фамилии.
Капацитет: 8 возрасни лица

ЦЕНОВНИК

* Двокреветна  соба – 2.100 денари (максимум две лица)

* Апартман – 2.800 денари (максимум четири лица)

* ВИП апартман – 3.500 денари (максимум четири лица)

* Трокреветна соба – 2.500 денари (максимум три лица)

* Голем апартман – 4.200 денари (максимум 8 лица)

 

Цените се изразени во денари, за наем на соба на ден

Појадок чини 200 денари по лице

Ручек/ вечера чини 450 ден по лице.

И истите се плаќаат на лице место

За деца до 8 години сите оброци се бесплатни.

За деца до 12 години сите оброци се на 50% попуст.

View More

Facilities

Air Conditioning
Conference toom
Fitness Center
Flat Tv
Internet – Wifi
Kitchen
Parking
Restaurant
Yard
Show All

Rules

Check In 12:00
Check Out 12:00

Rooms

Reviews

Review score

0/5
Not Rated
Based on 0 review

Traveler rating

Excellent
0
Very Good
0
Average
0
Poor
0
Terrible
0

Summary

Sleep
0 /5
Location
0 /5
Service
0 /5
Clearness
0 /5
Rooms
0 /5
0 review on this Hotel - Showing 1 to 0

Write a review

Created with Sketch.
avg €0,00 /night

Owner

Aries Travel

Member Since 2019

Hotel Nearby

Get Updates & More

Thoughtful thoughts to your inbox