from 0
Book Now

Куба- авионска програма, (04/03/2024-15/03/2024)

Not Rated
Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

1 person

Languages

___

Overview

обредојдовте во Куба, земјата на музиката, сонцето, на боите, насмевките… Магичен остров со фасцинантна архитектура
која го враќа духот на колонијалното време, каде се чини дека времето застанало, земјата на револуцијата! Куба е нешто што
треба самите да го доживеете, да го вкусите, помирисате, допрете…. Патувањето ве води од прекрасните плажи со бел песок
и тиркизното море во Варадеро, па се до раздвижената и историска Хавана, каде ќе ја запознаете нивната автентична и
богата култура, ќе ги вкусите нивните традиционални јадења, ќе ги испиете најдобрите Cuba libre и Mojito коктели на светот, ќе
имате можност да ги помирисате рачно валаните кубански пури и да танцувате во веселиот ритам на салсата на врвните
музичари. Куба е дестинација која не наликува на ниедна друга, возбудлива, контрадикторна, земја со богато минато од
шпанските конквистадори, карипските пирати, црните робови, до американските магнати и мафијаши, и револуционерите, со
чудесните градови со неверојатно убава колонијална архитектура. Од овој момент заборавете на сето она што сте го
прочитале за Куба, отворете ги сите сетила и препуштете му се на уживањето на една уникатна егзотична авантура,
запознајте го најубавиот карипски остров од кој ќе се вратете маѓепсани и полни со неверојатни впечатоци.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
1 ДЕН (04.03.2025 – вторник) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ХАВАНА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18:30 часот. Полетување од Скопје за Истанбул во 20:35 часот, лет број TK
1006 со лет на авиокомпанијата Turkish Airlines. Слетување во Истанбул во 00:15 часот, локално време. Полетување од
Истанбул за Хавана во 01:55 часот.
2 ДЕН (05.03.2025 – среда) ХАВАНА – ВАРАДЕРО
Пристигнување на меѓународниот аеродром во Хавана во 07:15 часот по локално време. По завршување на пасошките
и царинските формалности, пречек од страна на претставник на локалниот партнер, по што следи организиран трансфер од
аеродромот во Хавана до хотелот во Варадеро. Коктел за добредојде и сместување. Слободен ден за одмор, сончање,
капење и коктели на една од најубавите плажи на Карибите. Ноќевање.
***Забелешка: Пријавувањето во хотелот е најчесто до 16 часот, но патниците во меѓувреме можат да уживаат во хотелските
капацитети и да ручаат во хотелот.

Престој во хотел на база „All Inclusive“. Слободни денови за капење, сончање и одмор. За време на вашиот престој во
Варадеро ќе се организираат разни факултативни екскурзии, како: Трите града со вклучен ручек (Cienfuegos, Santa Clara,
Trinidad); екскурзија со катамаран со вклучен ручек (Seafari Catamaran Cayo Blanco); Екскурзија Џип Сафари со вклучен ручек
(Jeep Safari); екскурзија долината Вињалес со вклучен ручек (Vinales). Ноќевање.
9 ДЕН (12.03.2025 – среда) ВАРАДЕРО – ХАВАНА – Екскурзија “Хемингвеј тура” (Hemingway Tour)
Појадок во хотел. По појадокот одјавување од собите и организиран трансфер од Варадеро до хотелот во Хавана.
Пристигување во хотелот во Хавана (пријавувањето е во 16:00 часот). Слободен ден за индивидуални активности или
можност за полудневна факултативна екскурзија по стапките на Хемингвеј (Finca Vigia, Floridita и ручек во Cojimar).
Слободна вечер или можност за вечера со оранизиран трансфер во ресторанот Restaurant ChaChaCha (со доплата).
Ноќевање.
10 ДЕН (13.03.2025 – четврток) ХАВАНА – Екскурзија Хавана со кабриолети / Cabaret Tropicana Show
Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности или предлагаме целодневна факултативна екскурзија на
Хавана со уникатна цена, обиколка на Хавана со олдтајмери, посета на музејот на рум, со вклучен ручек. Слободно
попладне. Навечер можност за вечера со организиран трансфер во ресторанот El Cocinero Restaurant (со доплата).
По вечерата има можност за уникатна факултативна екскурзија – посета на светско познатото Кабаре Тропикана шоу
(Cabaret Tropicana Show) со вклучен трансфер. Ноќевање.
11 ДЕН (14.03.2025 – петок) ХАВАНА – ИСТАНБУЛ
Ран појадок во хотелот. Одјавување од хотелот и организиран трансфер до аеродромот во Хавана. Со завршувањето на
пасошките контроли започнува враќањето во реалноста, носејќи ги со себе најубавите спомени од една од најуникатната
држава на светот, со надеж дека повторно ќе се вратиме. Полетување од Хавана за Истанбул во 09:40 часот лет број TK 195.
12 ДЕН (15.03.2025 – сабота) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Слетување во Истанбул во 09:30 часот, локално време. Полетување за Скопје во 20:15 часот. Слетување во Скопје во 19.45
часот по локално време

Itinerary

Tour's Location

from 0

You might also like