from 0 review
Daily Tour
1 person
___
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 4 ноќевања
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 15:10 часот. Лет за Малта W6 7765 во 17:10ч. Пристигнување на Малта во 19:00 часот. Трансфер до хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Вечера. Ноќевањe.
Појадок. Организиран целодневен излет во градовите Валета и Мдина. Заминување кон Валета, кој е познат и како “Град изграден од џентламени за џентламени”. Овој град на барокот денеска е дом на безброј музеи, вклучувајќи ги, Археолошкиот музеј, Музејот на современа уметност, како и на многубројни продавници, маркети, бутици…Во присуство на локален водич се посетуваат следните места: “Upper Barraca Gardens” од каде што се пружа прекрасна панорама на големиот залив, Катедралата “St.John”, украсена со богатсвото кое датира од времето на Витезите на Малта, вклучувајќи го и познатото сликарство на Caravaggio. Претседателската палата, позната како “Grand Master’s Palace”, украсена со портрети на големите европски монарси, Малтешки претседатели… уникатни гобленски таписерии, и фрески кои ја отсликуваат Големата Опсада. Патувањето продолжува кон Мдина, првата престолнина на Малта позната како “Тивкиот Град”. Интригантните тесни и криви улици со стари и раскошни лампи го прави овој град спектакуларен навечер. Смирен и тивок се придавките кои ја кријат вистината за неговот име. Ѕидините на Мдина датираат од 1090г, на главниот плоштад стои барокна катедрала, во Мдина се наоѓаат и катакомбите St.Paul, подземни римски гробишта, кои се користеле се до 4 век. Мозаиците во Domus Romana или Римската Вила кои датираат од 1 век п.н.е се одлична илустрација на Хеленската сликовита култура. Враќање во хотел. Вечерта дочек на Новата 2025 година. Ноќевање.
Појадок. Факултативен излет до Трите града (Сенглеа, Коспикуа и Виториоса (Бургу)) Ова патување започнуива со панорамски разглед кое ќе не однесе до нашата последна станица; Биргу (Виториоза) каде што витезите го поставиле своето седиште по нивното пристигнување во Малта во 1530 година. Посетата ја вклучува импозантната црква Свети Лоренс и Палатата на инквизиторот. Нашата прошетка потоа ќе не однесе до брегот на Виториоза каде што може да се восхитуваме извонреден панорамски поглед на „Трите града“ и неговите одбранбени линии. Овие градови се познат по својата архитектура, локалните пазари, малите улични кафеани и уникатните фестивали, за вистинско автентично малтешко искуство. Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. Факултативен излет на островот Гозо. Пристигнување во Чиркева сместен во најзападниот дел на островот, и потоа со фери – брод заминување кон Гозо островот – сестра на Малта. Во присуство на локален водич се посетуваат следните места: Qala Belveder од каде што ќе бидете сведоци на прекрасниот поглед кон Гозо, Комино и Mалта заедно. Главниот град Викториа кој го добил името по нејзиното височество кралицата Викториа. Рибарското гратче Xlendi, храмот Ggantija е еден од најстарите и најдобро зачуваните меѓу Малтешките острови, прошетка по карпестата околина на Двејра. Враќање во хотел. Ноќевање.
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авионски превоз: Скопје – Малта – Скопје
– Рачна торба или ранец (40x30x20cm)
– Oрганизирани трансфери во Малта: аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел Topaz ***, 4 ноќевања со појадок
– Организиран разглед на Валета и Мдина
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Индивидуални трошоци кои не се наведени во програмата, влезници за културно-историските спомениците
НАПОМЕНА: