from 99
Резервирај

Велигден Будва- Острог- Дубровник (03-06 мај’24)

Нема оценка
Времетраење

4 дена/2 ноќевања /бус

Вид на аранжман

Specific Tour

Големина на група

50 луѓе

Јазик

___

Преглед

Print Friendly, PDF & Email

03.05.2024  – Планирано поаѓање од Битола во 23 часот. Ноќно и денско патување со паузи и царински формалности. (Организиран превоз од повеќе градови). Информација околу сатниците два дена пред поаѓањето.

04.05.2024 –  Пристигнување во Црна Гора во раните утрински часови. Прво застануваме во градот Бар, она што ќе го посетиме е храмот посветен на Јован Владимир кој како симбол на градот го отсликува православието. По посетата продолжуваме према Будвва со попатно застанување и панорамски разглед на Св.Стефан. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Според пописот од 2003 на островот живеат 411 жители. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути По посетата на манастирог групата продолжува за Будва. Сместување во Будва. Слободно време за индивидуални активности. Во договор со водичот, се посетува стариот град во Будва. Ноќевање.

05.05.2024 –ПЛАНИРАН факултативен разглед на ДУБРОВНИК. Поаѓање за Дубровник во 09:00 часот, каде имаме слободно време за прошетки низ стариот град, тврдините, улицата Страдун, црквата Св.Влах и други културни знаменитости. Дубровник е една од најпознатите туристички дестинации во Средоземно Море, пристаниште и седиште на Дубровничко-неретванската жупанија. Во пладневните часови поаѓање према КОТОР групата ќе има слободно околу 2 часа за кафе или ручек во градот. Oна што треба да го посетите е стариот град. Старите градби, тесните улички и богатата историја е тоа што ќе направи да се заљубите во Котор. Во договорено време враќање за Будва. Ноќевање.

06.05.2024 –Во 09:15 часот состанок со групата пред вила, 09:30 часот поаѓање кон Острошки Манастир. Патниците ќе имаат можност да бидат присутни во третото место по посетеност во светот на православието на најголемиот верски празник ВЕЛИГДЕН. Манастирот Острог е манастир на Српската православна црква сместен со речиси вертикална позадина, издигнат во големата карпа на Острошка Греда. Тој е посветен на Свети Василиј од Острог ( Свети Василије Острошки ), кој бил погребан овде. Она што е интересно дека е изграден во карпа и е несекојдневно за манастир. По пристигнувањето по желба искачување до Манастирот пешки или трансфер со локален минибус и поклонување на моштите на Св.Василиј. Во договорено време поаѓање према Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

Цена:  99 еур/6,138,00 по лице

За сопствен превоз одбиваме -10 еу по лице

Во цената е вклучено

  • Сместување во Будва, 2 ноќевања во хотел 3* со појадок
  • Превоз на дадената релација
  • Посета на Острошки Манастир и Бар
  • Tуристички придружник за време на целото патување

Во цената не е вклучено

  • Турустичка такса  на Острог 1 еврo  (Се плаќа во автобус) – ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • ДУБРОВНИК И КОТОР – 35 еу
  • Превоз со комбиња до и од манастирот – 2 еу се плаќаат на лице место доколку се качувате со комбе
  • Туристичка такса 1,5 евра по ден за ноќевање од лице (Се плаќа во автобус) – ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • Патничко осигурување задолжително – информации во агенција

Важно

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата поради ситуации кои однапред не е возможно да се предвидат со оглед на ситуацијата со Ковид мерките.
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Патниците кои планираат посета на факултатива во ДУБРОВНИК задолжително е да поседуваат пасош валиден најмалце 3месеци пред истек.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

Агенда

Вклучува/Не вклучува

  • Во цената е вклучено
  • Сместување во Будва, 2 ноќевања во хотел 3* со појадок
  • Превоз на дадената релација
  • Посета на Острошки Манастир и Бар
  • Tуристички придружник за време на целото патување
  • Во цената не е вклучено
  • Турустичка такса  на Острог 1 еврo  (Се плаќа во автобус) – ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • ДУБРОВНИК И КОТОР – 35 еу
  • Превоз со комбиња до и од манастирот – 2 еу се плаќаат на лице место доколку се качувате со комбе
  • Туристичка такса 1,5 евра по ден за ноќевање од лице (Се плаќа во автобус) – ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • Патничко осигурување задолжително – информации во агенција

Локација на аранжманот

од 99

Why book with us?

  • Аранжман со поволна цена

    Аранжман со поволна цена

    Одлична можност за програма со добра цена и патување само со лична карта

You might also like